Башар Ал Асад од Сирија, е на прво место со 122 милијарди долари. Тој е претседател на Сирија од 2000-та година, а на позицијата доаѓа како наследник на неговиот татко.
Со 28 години владеење со Египет и 70 милијарди долари, на второ место на листата е Хосни Мубарак. Тој на власт доаѓа во 1981-ва, како наследник на Садат, без никогаш да биде избран на функцијата. Се сомнева дека само во периодот меѓу 2000-та и 2008-ма од земјата излегле најмалку 57 милијарди долари.
Поранешниот претседател на Индонезија, беше на функцијата цели 31 година и за тоа време го стекна имиџот на најкорумпиран политичар во светот. Неговото богатство се проценува на 35 милијарди долари, а Тајм магазинот откри дека еден ден откако си даде оставка на функцијата, Сукарто префрлил 9 милијарди долари од сметка во швајцарска банка, на сметка во австриска банка.
Со 32 милијарди долари на 4-то место е поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех, кој после неуспешниот обид за атентат, пребега во Саудиска Арабија. Тој беше прв и единствен претседател на Јемен по обединувањето на југот и северот на земјата.
На страна скромниот имиџ што за себе го гради големиот Ајатолах, тој добива огромни провизии од продажба на иранската нафта и трговијата со оружје. Хаменeи е на оваа позиција од 1989-та, а неговото богатство се проценува на 30 милијарди долари.