Соединети Валмарт држави

Наследниците на Валмарт, семејството Валтон, вредат речиси колку половина од сите американски домаќинства заедно.

6-те наследници на Валмарт во 2010-та се проценети на 89,5 милијарди долари, што е еднакво на 41,5% од најсиромашните американски семејства заедно, или околу 48,8 милиони домаќинства.

Во анализата на богатството на Валмарт, од Беркли забележале дека во 2007-ма, тие вределе колку и 30% од американските домаќинства, но во периодот до 2010-та се случиле две работи кои ја зголемиле разликата. Прво, се зголемил приходот на Валмарт, а второ паднале приходите на најголемиот дел од Американците.

Причината за споредбата на богатството на семејството Валтон, е што токму Валмарт вработува најголем дел од долните 40% од американските работници, а компанијата постојано е обвинета за намалување на просечната американска плата.

Инаку, најгорниот 1% од Американците имаат раст на приходите од 275% во периодот меѓу 1979-та и 2007-ма, додека кај долните 20% растот изнесува едвај 20%.

19 јули 2012 - 10:47