Како Whatsapp сруши телеком

Холандскиот телеком KPN, како причина за 30-процентниот пад на акциите ја наведе Whatsapp апликацијата за бесплатно испраќање пораки меѓу смартфони.

Whatsapp директно удира на СМС бизнисот, кој е пак еден од златните кокошки на мобилните оператори кои од сервисот имаат профит над 90%. Ова е посебно забележливо во билансот на холандските оператори, кои имаат повисоки цени од најголемиот дел од Европа.

KPN и претходно ја наведуваше апликацијата како главна причина за падот на бројот на испратени смс-и. Операторот дури се обиде да наплатува екстра трошоци за корисниците на Whatsapp, што по кратко време му беше забрането од холандскиот парламент.

Whatsapp е посебно проблематична бидејќи таа е комбинација на бесплатни пораки, групни разговори и испраќање на најразлични фајлови. Единствена слаба страна на Whatsapp во однос на нивниот конкурент Viber е што нема опција за бесплатни разговори.

Додека на апликацијата обично и треба околу 1 година да се прослави на еден пазар, пред масовно да се рашири меѓу корисниците, во Холандија сето ова се случи преку ноќ. Апликацијата дебитираше во земјата во ноември 2009-та, веќе во април 2010-та, таа најголем дел од времето беше број 1 апликација во Холандија.

За споредба, во Австрија апликацијата влезе во топ 5 дури во ноември 2010-та, а на прво место беше во јули 2011-та, додека во Франција таа стана најсимнувана апликација во јуни 2011-та.

 

18 август 2012 - 13:30