Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.
30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.
Нешто во последно време почесто гледам статии за Скопје. Луѓето почнаа да се обидуваат да го разберат, да пишуваат зошто го сакаат, зошто не го сакаат, како ги расположува, како ги нервира.
Малку криптографија, малку неуролошки науки и еден Бугарин е на пат да ни подари интернет лозинки кои не ги ни знаеме. Сè додека не ни пуштат една игрица. Хммм...
Не дека има 6 години, не дека сам има научено да лупа на тапани, не дека ја знае "Pretender" од Фу Фајтерс, туку затоа што планира "уште едно 30 години да се занимавам со тапани и после тоа ќе може да станам хокеар."
На денешен ден во 1971-та година, Бразил остана без еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Пред 150.000 гледачи на стадионот Маракана на натпревар против Југославија, Пеле се збогуваше од репрезентативниот дрес.
Кај нас можеш и буре вино да истркалаш ама на влез на концерти во странство речиси да нема шанса да прошверцуваш алкохол со себе. Речиси. Маката ги натерала досетливите да најдат чаре.
Уште само 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Како и секогаш во минатото, од доминацијата на Џеси Овенс во 1936-та, преку Џим Хајнс, па се до Усеин Болт, кулминацијата се случува со трката на 100 метри. Погледнете ја историјата на овие неверојатни трки.
УЕФА го објави списокот на 32 кандидати во изборот за најдобар фудбалер во Европа. Помеѓу имињата на Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста, Андреа Пирло... се најде и Лес Дејвис, фудбалерот кој во слободно време работи во фабрика за производство на безбедносна опрема.
Комплетната кариера на Алек Болдвин изгледа како да беше едно големо подготвување за улогата на Џек Донаги (30's Rock), необјасниво арогантниот директор на НБЦ, со уникатно радикален шовинистички став кон сè и сешто.
И официјално, историјата не познава подобар тенисер. Роџер Федерер се врати на светскиот врв и ги урна сите рекорди. А пред само една година сите помислија дека му дојде крајот и тој веќе треба да размислува за пензија. Но тој не се согласи со оваа констатација.
Додека го канеше Меккартни на сцена, пред 60.000 луѓе Спрингстин призна "50 години се обидував да го направам ова," неколку моменти подоцна градските власти им ја изгасија струјата.
Организаторите на трката Тур де Франс побараа помош од француската полиција за откривање на луѓето кои за време на 14-та етапа на патеката расрфлаа клинци по што беа дупнати гумите на 30 велосипедисти.
Во меч помеѓу суспендираните боксери Хеј и Чисора, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Дејвид Хеј со нокаут во петтата рунда го совлада сонародникот Дерек Чисора.
Велика Британија го искористи своето право како домаќин на Олимписките игри да пријави свои тимови во сите екипни спортови. Проблемот бил што за некои спортови тие воопшто не ни имале репрезентации.
Човекот кој меѓу двете светски војни ја оживеа американската фолк музика, правејќи ја ангажирана и урбана, и со тоа поставувајќи ги темелите на она што подоцна ќе го наречеме рокенрол, е роден на денешен ден, 14. јули, 1912.