Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
12 парчиња
Состојки
- 60 гр. какао
- 330 гр. брашно
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- 150 гр. шеќер
- 2 јајца
- 1 лажичка ванила екстракт
- 100 мл. масло
- 220 мл. млеко
Прелив
- 50 гр. кокос
- 60 гр. чоколадо за готвење
- 330 гр. шеќер во прав
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете хартија за печење во калапите за капкејк.
Измешајте го во еден сад какаото, брашното и прашокот за пециво. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, маслото, ванила екстракт и 160 мл. од млекото. Постепено додавајте ја мешавината од брашно во смесата со јајцата. Со смесата наполнете ги калапите за капкејк проближно 2/3 од висината. Не ги полнете до горе бидејќи ќе нараснат во печењето.
Печете ги во загреаната рерна околу 15 минути.
За да проверите дали се испечени боцнете чепкалка во еден од колачите. Ако се испечени на чепкалката нема да има залепено тесто.
По печењето извадете ги колачите од рерна и оставете ги сосема да се изладат пред да ги отстраните од калапите.
Во меѓувреме подгответе го филот. Во мало тенџере растопете го чоколадото за готвење заедно со кокосот на слаб оган. Потоа тргнете го од рингла и оставете го да се излади. Изматете го растопеното чоколадо со шеќерот во прав и остатокот од млекото. Намачкајте го секој капкејк со подготвениот прелив.
На здравје!