Расфрлани шајки на патот во близината на Мур де Пегер предизвикаа хаос на 14-та етапа од трката Тур де Франс.
Настрадаа гумите на 30 велосипедисти, а помеѓу нив беше и актуелниот шампион Кадел Еванс. Во водечката група возеа 50-тина велосипедисти, но 30 од нив сопреа заради дупнати гуми. Во некои гуми биле пронајдени и по 4 шајки.
Сепак на крајот победи разумот и фер-плејот откако моменталниот лидер Бредли Вигинс побара од водечката група да успори за да го почекаат Еванс.
Директорот на трката, Жан-Франсоа Пеше го пофали носителот на жолтата маичка, Бредли Вигинс затоа што ги охрабри возачите да не забрзуваат за да не го искористат заостанувањето на другите возачи.