Без брашно

Чоколадна торта со црвен цитрон

Вкусен десерт и уживање за сите сетила.

Време на подготовка:
60 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1 ч. 50 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 6 лажици путер плус уште малку за подмачкување на тавчето
  • 230 гр. чоколадо за готвење
  • ¼ лажичка еспресо
  • 1 прстофат сол
  • 6 големи јајца, на собна температура
  • 100 гр. шеќер
  • шеќер во прав за декорација
  • кандирана кора од портокал (или мармалад) за декорација

Прелив

  • 5 црвени цитрони
  • 3 лажици шеќер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 150 степени. Подмачкајте го тавчето за печење со путер и обложете го со хартија за печење.
Во едно тенџере искршете го чоколадото на коцки, додадете го путерот и растопете го на тивок оган со постојано мешање. Додадете ¼ лажичка еспресо и еден прстофат сол во чоколадната смеса.


Раздвојте ги жолчките од белките.

Потоа додадете ги жолчките во чоколадото и добро измешајте ги.


Во друг сад добро изматете ги белките од јајцата со електричен миксер. Потоа постепено додавајте го шеќерот со постојано мешање. Матете додека да добиете цврст шлаг.

Со лажица внимателно додадете го шлагот од белките во чоколадната смеса и внимателно измешајте.

Оваа смеса истурете ја во подготвеното тавче и печете 45-50 минути.

Потоа извадете ја тортата од рерна и оставете ја да се излади.
Исцедете сок од 5 црвени цитрони.

Измешајте го сокот заедно со 3 лажици шеќер воедно тенџере и ставете го на рингла на посилен оган. Зовријте го сосот а потоа намалете ја јачината на ринглата. Варете го сосот околу 30 минути со постепено мешање. Потребно е да сосот да се намали на половина и да се згусне.
Кога тортата ќе се излади извадете ја од тавчето и ставете ја на чинија за сервирање. Декорирајте ја со шеќер во прав и кандирана кора од портокал.


Сервирајте парче од чоколадната торта и прелијте го со една лажица од сосот од црвен цитрон.
Пријатен апетит!

16 јули 2012 - 07:00