„Битката за Британија" му припадна на Дејвид Хеј. Дерек Чисора за прв пат по 18 борби се најде на подот.
Мечот помеѓу суспендираните боксери заради инцидентот на неодамна одржаната прес, се одржи под покровителство на боксерската федерација на Луксембург пред 30.000 гледачи на стадионот на Вест Хем во Лондон.
Хеј беше подобар во целиот дуел, а Чисора во петтата рунда прв пат се најде на подот, но успеа да ја продолжи борбата. Сепак следеа уште пет удари по што судијата беше приморан да го прекине натпреварот.
По мечот, Дејвид Хеј не ја пропушти шансата да го испровоцира Виталија Кличко.
„Му пратив застрашувачка порака. Искрено, би се изненадил ако по ова Кличко собере храброст да се бори со мене", изјави Хеј.