УЕФА како брод, Полска и Украина бандаж

Само од телевизиските права за Еуро 2012, УЕФА наплати 840 милиони евра, што е нешто помалку од вкупните приходи од европското во Португалија.

Иако го заврши ЕУРО 2012 со одличен профит, УЕФА генерално не е задоволна од заработката бидејќи ова првенство и донесе само 1,5% поголеми приходи отколку Австрија 2008-ма. За споредба, на првенството во Австрија, УЕФА имаше 60% поголеми приходи отколку Португалија 2004.

Годинешново европско првенство УЕФА го заврши со приходи од 1,36 милијарди евра.

За разлика од нив, Полска и Украина не се ни блиску за враќање на 30-те милијарди евра кои ги вложија во инфраструктурата за европското првенство.

17 јули 2012 - 12:02