Kaлигула, Нерон, други битни фаци од древната римска историја, се спомнуваат во поединечни песни и во цели концептуални албуми посветени на нив од жанрот хеви метал. Од каде оваа поврзаност?
Родителите на Кристин Ха дошле во САД од Сајгон во 1975, по Виетнамската војна. Нивната ќерка завршила факултет, магистрирала книжевност и заболела од автоимуна болест која ги напаѓа очните нерви. Иако целосно слепа, успеала да ги совлада готвачките вештини. И не само тоа, туку да го освои срцето дури и на камен студениот Гордон Ремзи.
Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.
На „опашката“ на актуелните настани со Ѓоковиќ на далечниот континент, искрснуваат приказни за други Срби кои „заглавиле“ таму, овој пат по своја волја. Новостекнатото име на еден од нив на јазикот на абориџините значи „утринска ѕвезда“. Му го доделиле како благодарност за неговото писателско залагање за нивните права.
После „Серотонин“ од 2019, новата книга на Уелбек која излезе на француски на 7 јануари се вика „Уништи“. Во неа многумина препознаваат француски и европски политички фигури, меѓу кои и актуелниот претседателски кандидат, десничарот Ерик Земур.
Историчарите кои се занимаваат со средниот век знаат дека истражуваат период кој е погрешно разбран и кој се користел (а можеби и уште се користи) за оправдување на однесувањата на некои од најлошите луѓе во историјата. Овој факт за нив е извор на бескрајна фрустрација, бидејќи за нив средниот век е комплексен, интересен и влијателен.
Приказната од наградуваниот бродвејски мјузикл, именуван според славниот албум на Морисет, „плаче“ за преточување во книга наменета за тинејџери. Истовремено е и можност тие да се запознаат со музичарката која направи кариера лижејќи си ги љубовните рани и зборувајќи за гневот и исцелувањето.
Роберт Џенкинс во 18 век бил капетан на британски трговски брод. Неговото уво било пресечено од војници на шпанската крајбрежна гарда. Седум години подоцна, ова послужило како причина за војна помеѓу Британија и Шпанија.
Направен врз основа на истоимена книга на Ерик Џегер од 2005, ова е филм за една историска мистерија, која не е разрешена ни по шест века: дали благородничката Маргарита де Каруж била силувана од штитоносецот Жак Ле Гри? Во средниот век единствен доказ за вистината во отсуство на сведоци била победа во вооружен дуел, на живот или смрт.
„Кожа“, нова книга на Серџо дел Молино, ја бара причината за екстремните однесувања на славни личности на место каде што никој до сега не чепнал - во болестите на нивната кожа.
На латински нејзиното име е комбинација на pomum - jаболко и granatum - зрнесто. Во различни митологии таа има де исцелително дејство, де се поврзува со смртта. Еднаш е афродизијак и лек за неплодност, друг пат е контрацептив. Речиси и да нема друга овошка со толку обемен список на спротивставени значења.
Како што човек старее и зрее, така би требало да созрева и начинот на којшто тој формира и одржува романтични врски. Но кај некои луѓе чувството на интензивно заљубување никогаш не престанува. И тоа не е толку романтично колку што звучи.
Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.
Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.
„Рајски порти“ е книга на полски писател, објавена во 1960. Иако содржи 40.000 зборови, во целиот роман има само две реченици, речиси без интерпункција.
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Часовниците ветуваат контрола, ефикасност, но на времето не му е гајле. Тоа си тече и минува, со или без нас во него. Всушност, ние минуваме. Тоа само Е.
Под „индекс“ не подразбираме студентска книшка, туку алатка која се наоѓа на крајот на (главно) стручните книги, каде под азбучен ред се наведени важни термини заедно со бројот на страници на кои тие се спомнуваат. Нова книга се однесува на историјата на овој важен додаток.
„Земја прогонувана од демони: вештерки, надрилекари и духови на минатото“ е книга на Моника Блек од 2020 која претставува малку поинакво читање на поствоената историја на Германија - не како новородена демократија, туку како нација оптоварена со суеверија и опсесија со надреалното.
Иако денес го земаме здраво за готово, нова книга ја анализира глобалната историја на човековиот однос кон бреговите и плажите, кој не бил секогаш онаков каков што е денес.
Веројатно сте чуле за неа. Теоријата за тоа како излегуваме на крај со најдлабоките таги вели дека тоа подразбира минување низ пет фази: одрекување, лутина, ценкање, депресија и прифаќање. Но во својата оригинална форма таа не се однесувала на соочување со смрт на близок, туку на сопствената терминална дијагноза.
Го гледавме филмот, а сега може и да го прочитаме романот, кој не е директен „превод“ на сценариото во книжевна форма туку е збогатен со нови сцени и ликови.
Комичарот Чарли Тод е основач и „мозокот“ зад Improv Everywhere, група формирана во 2001, со цел да „изненадува и восхитува случајно одбрани луѓе преку позитивни пренкови“. Сепак, некои од нив тргнале во сосема спротивен правец.