Во црно-белата поделба на интроверти и екстроверти, има зона во која овие два типа се прелеваат во нешто трето - личност која „камелеонски“ се прилагодува на дадените ситуации.
Диктаторите беа погодени повеќе од сатирата отколку некакви длабоки и паметни текстови кои ја анализираа нивната беда. Сега планот на сатирата, планот на хуморот, е покосено поле. Наместо луѓето да се ругаат, сега кукаат, а тоа е веќе последниот стадуим.
Мамфорд енд санс се собрале и решиле дека после 14 години поминати заедно, за гитаристот и бенџоист Винстон Маршал веќе нема место во бендот. Многу нагнуел накај десно.
Во нова контроверзна книга под наслов „Употреба на дроги за возрасни“, истакнат професор од Универзитетот Колумбија во Њујорк тврди дека опасностите од рекреативната употреба на дроги се напумпани. Човекот е невронаучник кој на себе ги тестирал ефектите на хероинот.
Нова книга под наслов „Свет без електронска пошта“ од Кал Њупорт, тврди дека мејловите и пораките ја уништуваат продуктивноста на работните места. Не дека не го знаевме ова, ама убаво е да си повториме. И по неколку минути пак да си го провериме телефонот.
На 20 април ќе излезе од печат книга која е замислена како практичен и забавен туристички водич, напишан од некој кој, до смртта во 2018, имаше пропатувано од Буенос Аирес до Борнео и секаде помеѓу.
Гувернерот на Њујорк стана мега-ѕвезда во време на пандемијата па дури доби и Еми награда за дневните брифинзи во 2020. Сега пропаѓа во скандали; испадна дека ги лажирал бројките на заболени а на врат му е и скандал за сексуално малтретирање.
Вработените во неговиот хотел во Вашингтон имале „упатство за работа“ во која прецизно биле опишани седум чекори низ кои треба да мине омилената пијачка на Трамп за да дојде до неговата уста.
Филмот на Клое Жао кој доби Златен лав во Венеција во 2020, и кој е номиниран во четири категории за Златен глобус (сигурно и понатаму за некој од Оскарите), можеби е фиктивна приказна. Тоа сeпак не значи дека тој не е вистина.
Турбулентото заминување на Доналд МекНил oд „Тајмс“ е застрашувачки сигнал за начинот на кој се вршат чистки во редовите на интелектуалците, новинарите, комичарите, актерите. Во случајов поради еден единствен збор, искажан индиректно, во прашање. Па ова бре го немало ни во времиња кои наводно биле полоши.
Нова книга на историчарот Вилијам Росно (William Rosenau) ја истражува радикално левичарската група формирана во 1970-тите во САД, позната под кратенката М19.
Германско-австриски филм заснован врз истиоимениот роман на Марлен Хаухофер од 1963, сосема соодветен за време на пандемии и карантини. За многумина препознатлив и без оглед на вонредните околности.
Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.
На нашки би можела да се вика Ленче Ситуација (Léna Situations), има 23 години и во текот на пандемијата собра милиони следачи на социјалните мрежи. Сега стана и бестселер автор, предизвикувајќи остри реакции кај парискиот книжевен свет.
Откако не успеаја да го портретираат како екстремист, женомрзец и фашист, онаа врскава менажерија од разбудени љубители на кансел културата, до толку не го можат Питерсон што прибегнаа кон уште еден проверен сталинистички метод, да го направат луд.
„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.
Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.
Kaриерата ја почнала со победа на конкурс за есеј спонзориран од Вог. Денес се смета за една од легендите на американското новинарство. Денес има 86 години, а нејзините искази се пример на минималистичка мудрост.
Едит Клифорд во нејзино време - почетокот на 20 век - била ѕвезда. Во текот на нејзината кариера која траела две децении, таа настапувала пред кралеви, славни личност и пред преполни сали. Нејзината најопасна точка - голтање речиси 60 сантиметри долг бајонет, исфрлен од топ.