Доктор Џордан Питерсон се враќа на сцената после една мачна година во која се справуваше со разни здравствени проблеми. Промовирајќи ја својата претстојна книга „Уште 12 правила“, Питерсон има згусната агенда на давања интервјуа и изјави, само што не сите се со добронамерни, или барем пристојни мотиви.
Угледниот Тајмс неодамна објави интервју со него во кое тврди дека човек има шизофренија. Човекот нема шизофренија.
Насловено како „Џордан Питерсон за неговата депресија, зависноста од лкови и рускиот рехабилитациски пекол,“ Тајмс застрани во „сечење, лепење и монтирање“ и потретираше лажна слика за канадскиот клинички психолог. Неговата ќерка Михаила, која исто така била интервјуирана за медиумот, изјави дека погрешното пренесување и толкување на зборовите на нејзиниот татко било извдено на вознемирувачки начин кој предизвикал сериозен стрес во нивната фамилија.
Иако некои наводи од интервјуто беа демантирани, серија релевантни медиуми побрзаа да ги пренесат, токму со најнеточното тврдење за шизофренија. Њујорк Пост и Дејли меил, меѓу другите.
После ова, Питерсон беше принуден да објави интегрална аудио снимка од интервјуто за да се види како е направен инженерингот, а и фанови на Питерсон помогнаа во обелоденување на навидум суптилната измама.
Интервјуто се фокусира на годината во која, после дознавањето на дијагнозата на сопругата (редок вид на рак на бубрези) Питерсон се става на апчиња но доживува лоша реакција на бензодијазепини кои го доведуваат до акатизија, состојба во која човек станува неспособен да се движи. Откако западната медицина не ветила сјајни резултати, ќерка му решава дека е најпаметно да одлетаат во Москва, каде после 8 дена минати во индуцирана кома, започнала рехабилитацијата.
Имаме пишувано за претходните сопки и обиди за дискредитирање и елиминирање на Питерсон од јавната сцена, кога „колективи се расплакувале затоа што ќе печатат негова книга“ (види: Питерсон го вознемирил работниот колектив на издавачот) или кога кино сали наоѓаа изговори да не проектираат филм за него (види: На Џордан Питерсон му се случува „Ругање со Христос“)
„Тој што користи говор кој е навредлив за некој колективитет не заслужува да биде присутен на јавниот простор и треба да биде исклучен и изопштен од него“, правоверно ќе речат разбудените цензори од новата левица. „Останување без глава е сигурен начин за негово исклучување,“ технички ќе додадат исламските екстремисти“, ќа напише Брендан О'Нил во Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства