Можеби и има нешто во стратегијата на саморекламирање на одреден број македонски автори, кои ја разбрале суштината на пишувањето како активност која како и некои други, на пример држењето диета или депилирањето, никогаш не се прави „онака, чисто за себе", туку за другите да ги забележат ефектите на истото, и да го пофалат. Работата е што често наместо делото, изрекламиран останува само авторот, а книгата чмае непрочитана.
11 мај 2012 - 08:57