КAРАВАН
Ти буден спиеш
ги вртиш соништата како страници книга
твојата глава
тешка како наковална и полна грижи
Нема да те молам
стани, буди се, стани, буди се
нема да те чекам
не ги сакам твоите тешки раце
околу мојот врат.
Ноќва месечината е пак црвена,
млада и лута
ние сме на патот, ние правиме пат
немаме време, немаме причини
да застанеме тука, да го дочекаме денот
Кучешки очи во мракот
овие шари, овие шепи се дланки
прекини го синџирот
крикни на облакот кој ја крие месечината
Нема да те будам
ослободи се, ослободи се
нема да те чекам
не ги сакам твоите тешки раце
околу мојот врат.