
Користејќи техника слична на поентилизмот, мултимедијалниот уметник и Јутјуб сензација Фил Хансен (кого можеби го памтите во брзопотезното сликање на Брус Ли) ги трансформира корките на бананите во платна, рекреирајќи некои од најпознатите дела од историјата на уметноста: Создавањето на Адам на Микеланџело, балерините на Дега, Раѓањето на Венера на Ботичели и Череп со запалена цигара на Ван Гог. Тој подготвува и книга - „Тетовирање банани и други начини да претворите сè и сешто во уметност".
Хинт - за да ви успее тетовирањето бананите треба да не бидат меки. Значи крем бананите отпаѓаат.