Типов го нарекуваат „кум на концептуалната уметност", на вратата има две шпиунки од кои повисоката е за него затоа што е многу висок, освен инсталации, колажи и фото монтажи има дизајнирано и кредитна картичка, пасвордот за интернет му е 123454678Б (Б големо), во 1966 ги запалил сите дотогашни дела а пепелта ја чува во кутија во форма на книга, во 2009. има добиено Златен лав на Биеналето во Венеција за животно дело, а главен слоган му е „Никогаш нема да правам досадна уметност".
Мислите дека ви кажавме премногу? Аааа, не. Едно е ние да ви раскажуваме, а друго е истово да го чуете со гласот на некогашниот комшија на Џон. Сооосема друго.