Скапоцените записи, кои најверојатно датираат од 1941., и се проценуваат на 40-50,000 евра, се пронајдени пред два месеца кај колекционер во Франција.
Текстот на двете зачувани страници е испишан очигледно набрзина, со тешко читлив ракопис, прецртани делови и забелешки. Првата страница содржи дел кој е делумно преземен во 19. поглавје од романот, додека на втората има сосема оригинален текст во кој Малиот принц пристигнува на Земјата и среќава нов лик, многу зафатен човек кој едвај наоѓа време да разговара со момчето, затоа што „бара збор со шест букви кој почнува на 'г'".
Сент Егзипери ја објавил конечната верзија на романот во 1943., пред поаѓањето за Северна Африка. Рoманот кој стана книжевен феномен, од првото објавување е продаден во повеќе од 140 милиони примероци на повеќе од 260 јазици. Всушност, после Библијата, Малиот принц е најпреведуваната книга во историјата.
За жал авторот никогаш не дознал колкав успех постигнала неговата книга - погинал непосредно по нејзиното објавување, во мистериозна авионска несреќа во 1944.