Издавањето на монографијата е дел од наградата за животно дело, Добричин прстен за 2010. Автори се д-р Зоран Т. Јовановиќ и Тамара Бјелиќ. Претходни добитници на истата награда и на монографија во оваа едиција имале и Љиљана Крстиќ, Петар Краљ, Љуба Тадиќ, Мира Бањац и Бора Тодоровиќ.
Богато илустрираната книга содржи текст на Сабљиќ под наслов „Моја мала автобиографија", збирка воведи од нејзини интервјуа, поглавје „Другите за Сека", цитати од театарски критики и детални податоци за нејзините улоги. Еве ја во една телевизиска - на премиер. Супер ѝ стои.