Вретакос е роден 1912 близу Спарта. Еден е од бројните самопрогонети грчки левичари-интелектуалци, кој заминал во Швајцарија и Италија откако воената хунта ја презела власта во Грција. Во 1974 се вратил во татковината, каде е два пати наградуван со највисоката национална поетска награда, а номиниран е и за Нобеловата за литература. Пишувал и проза, а автор е и на обемна биографија на Никос Казанѕакис. Неговите песни станале особено популарни откако за нив музика компонирал Микис Теодоракис. Еве една од нив.
СИТЕ ГОДИНИ ДУРИ МЕ НЕМАШЕ
Сите овие години дури ме немаше
барав нешто за тебе
посебна ружа која никој друг
не можеше да ти ја донесе.
Колку планини, какви пустини,
океани колку минав,
колку дождови ми се лизгаа по челото
колку сол од брановите
ми се залепи за телото
никогаш никој друг тоа не ќе го знае.
Го исцедив срцето во свет пехар
и во него никна убава ружа
исто толку чиста
како и утрото на Велигден.
Носи го на појасот, или на градите
или во косата, толку убаво ќе ти стои
како што изгрејсонцето му ја носи првата светлина на светот
мојата роза исто толку сјае на тебе.