Кривична постапка им се исушила

Церадата е спуштена

Популарниот сајт за размена на книги Бане Превоз е затворен по акција на српската полиција! Еве како изгледа соопштението до јавноста со сув, строг и книжевно крајно неинтересен речник. Ќе побараат и они некоја книга да прочитаат, ај ти, па ќе молат да им дадеме од оние што веќе ги симнавме.

Министерството за внатрешни работи на Србија, по барање на Виш јавен обвинител, и врз основа на наредба на истражниот судија на Вишиот суд во Белград (веќе звучиме ко Котевски, нели?), извршило претрес на простории на лица за кои постои основано сомневание дека стојат зад работата на овој сајт - соопшти Здружението на издавачи и книжари на Србија.

Притоа се одземени компјутери за кои се претпоставува дека содржат неколку илјади скенирани книги, што ќе биде утврдено со накнадно вештачење. Интернет сајтот baneprevoz.com на кои се наоѓаа авторски дела - тип книги - во електронски формат е ставен вон функција.

Во согласност со Законот за кривична постапка ќе бидат продолжени активностите за утврдување на вистината за постапките на лицата кои се осомничени за пиратерија.

Вака срочено, изгледа дека Хаг не им гине.

За утеха, и за инает: Balkanknjiga e-knjige

18 мај 2012 - 13:10