„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“
Mу дадоа Нобел за книжевност, но Дилан нема напишано книга од 2004, кога излезе првиот дел на мемоарот „Хроники“. Сега, наместо вториот дел кој одамна се очекува, тој најави книга на навидум поинаква тема.
Лука Гвадањино, режисерот на прекрасниот Call Me By Your Name кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио (а заслужи и повеќе), објави дека неговиот следен филм ќе биде eкранизирање на албумот Blood on the Tracks од Нобеловецот, господин господин Боб Дилан.
Боб Дилан ретко дава јавни изјави, уште поретко го прави тоа за да се извини. Овојпат го стори тоа, откако се откри дека неговите „рачно потпишани“ книги кои се продаваа за бааги пари, биле потпишани со автоматско пенкало. Му се вртело и не можел да стаса. Плус нагази во деветтата деценија од животот.
Денес, 9.11, во Лондон почна серијата мечеви помеѓу актуелниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот со италијанско потекло Фабиано Каруана (кој во живо може да се следи тука). Добар повод да видиме кои од актерите, писатели и музичарите сакале и играле шах.
Конкурсот за гол на сезоната во најелитното клупско европско натпреварување во ракомет се затвора уште во прво коло. Кјелце го совлада Нант со 40:33, а 22 годишниот Дилан Наи постигна спектакуларен и чудесен погодок каков што нема да видите сезонава.
Целиот животен музички каталог на Стинг заврши кај Универзал Мјузик Груп, вклучително сите соло нумери и материјалот од Полис, за сума од 250 милиони долари.
Русите за септември ја најавија најголемата воена вежба после завршувањето на Студената војна на која воени игри ќе симулуираат неверојатни 300.000 војници. Две дополнителни главоболки за Алијансата: 1) на руската вежба ќе учествуваат и Кинези 2) НАТО уште е без Македонија.
Освен што веројатно ви помогна да сфатите колку сте стари и колку немате врска што и како се случува кај дечурланава, веста дека деца не знаат да гледаат на часовник со стрелки е веројатно подеднакво страшна колку тоа што вие никогаш ја немате совладано вештината на гледање на сончев часовник или да смените лента на машина на пишување. Просто, никогаш во животот не сте се нашле во ситуација да ви затреба такво нешто.
Како што легалните продавачи на марихуана почнаа да се раскомотуваат во бизнисот, тие полека открија дека пазарот на црно и понатаму на многу начини е попрофитабилен отколку работење по прописи.
Џек Вајт ја најави првата комплетна турнеја на која ќе се блокираат смарт телефоните на посетителите. И посетителите ќе си платат за тоа. Друштвото уметници кое од бина не сака два часа да зјапа во дигнати телефони станува сè поголемо.
Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.
Шанур Варинаг Азнавуријан, или Шарл Азнавур, Ерменецот роден во Париз кој почина на 94 години, во текот на својата долга кариера продаде повеќе од 100 милиони албуми во 80 земји, и беше автор на над 1300 песни. Но неговиот топол тенор знаеше да испее и нешто повеќе од само „лајт“ шансони.
Поради долго прикриван сексуален скандал, комитетот познат по доделувањето на престижното признание за литература се наоѓа во ситуација без преседан во својата историја.
Големите полека заминуваат и не изгледа дека имаат достојни наследници. Арета била првата жена примена во Рокенрол халата на славните, а нејзината петдецениска кариера го оправдува епитетот „кралица на соулот“.
По форумите за класична и современа музика често пати се прават листи на најсложените нотни записи и најоткачените дела. Неколку од нив се повторуваат, но едно отскокнува по своето лудило.
Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.
„Што бе, Сачмо почнале да го ставаат врз цигари?“ - се изненадив кога на кафанска маса го видов тутунот на другар ми. „Не бе, налепница е, сами ги правиме“, ми вика тој.
Милијардерот Мајкл Блумберг одлучи да го помогне Универзитетот Џонс Хопкинс, во кој има завршено, и да му донира 1,8 милијарди долари како финансиска помош. Иако не е ни блиску до најбогатите, Универзитетот само во 2017 има добиено околу 3,8 милијарди долари во донации.
Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.