Пијаниот Србин уште убива ајкули

Веста деновиве на големо се шири по мрежи со придружните „гасете интернет“ и „го имаме победникот“ и гласи: пијан Србин скокнал од највисоко во Шарм Ел Шеик и со глава директно паднал врз ајкула која на лице место ја убил за што добил благодарница од египетското министерство за туризам...  Долго (предолго!) сме на интернет па ни текна дека дека приказната ни е позната... едно 14 години.

Вака тоа гласи деновиве:

*****

********

Веста ја смислија и објавија заебантите од сатиричниот портал Њуз.нет во 2010 година по што беше објавена не само од српски и овдешни медиуми како вистинита, туку се упецаа и хрватски Јутарњи лист, Комсомолскаја правда, Њујорк Пост....

Комсомолскаја отидоа најдалеку па објавија и објаснување на случајот темелено на законите на физиката:

Комсомолците имаа дури консултирано и стручњаци од руска лабораторија за биоресурси и од Серускиот институт за рибарство и екоанографија. Најјако е што на крајот констатираа дека ајкулата сепак не настрадала како последица  од физичкиот удар на Србинот туку од - срцев удар.

Но, медиумскиот развојот беше занимлив за балканскиот менталитет: откако се дозна дека се работи за патка и дека се насанкале, дел српски портали не се повлекоа туку само малку ја свртеа приказната ама остана она нивното „на крај Србинот испадна најпаметен“ па пишуваа статии “Како Србин го измами целиот свет“ и „Како Србите ги измамија светските новинари.“

Пред некое време, Марко Дражиќ од Њуз, во подкаст на Нова С се потсети и на други гачки кои ги смислиле а доживеале урнебесни реакции, од фамозниот лебед од спотот на Цеца, случајот Ѓоковиќ, цената на чајот на Копаоник...

п.с. Ако пак се појави „Тетовец во бели гажи на плажа“, да го знаете ова (2014 година).

п.п.с. Ова е вистина.

 

 

 

12 мај 2024 - 10:12