Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.
Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.
Mу дадоа Нобел за книжевност, но Дилан нема напишано книга од 2004, кога излезе првиот дел на мемоарот „Хроники“. Сега, наместо вториот дел кој одамна се очекува, тој најави книга на навидум поинаква тема.
Кога не само еден човек, туку голем број луѓе верува дека некој настан се случил, иако тоа не е така. Кое би можело да биде објаснувањето за овој феномен?
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.
Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.
Од денес (8.10), со доделувањето на Нобел за медицина, почнува неделата на оваа престижна награда. Како и секоја година и оваа има драми околу некои од правилата и погодување на можните добитници во сите категории. Да видиме што се случува кај писателите.
Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.
Човекот кој меѓу двете светски војни ја оживеа американската фолк музика, правејќи ја ангажирана и урбана, и со тоа поставувајќи ги темелите на она што подоцна ќе го наречеме рокенрол, е роден на денешен ден, 14. јули, 1912.
Дилан ја снимил „Засекогаш млад" во 1974, за албумот Planet Waves. Тоа е класична „татковска" песна, инспирирана од неговиот тогаш 4-годишен син Џејкоб, кој подоцна стана фронтмен на The Wallflowers. Од тогаш голем број музичари ја имаат преработено, како Џони Кеш, Род Стујард, Притендерс и Нора Џонс.
Заборавете го сексот и дрогата - ако на своите почетоци рокенролот ја славеше младоста, со сите нејзини предизвици, сега, како што стареат неговите херои, тој почнува да се занимава со поинакви теми.
Кога ќе видиме некој познат како чита биографија на некој ист таков, уште попознат, некако ни олеснува - значи не сме само ние тој „плебсот" кој ужива во ѕиркање во туѓите животи.
Пред некој ден добив плоча од Џони Кеш, и ми падна мака - не ја собира во лаптоп, а во шпорет не свири. Слушањето музика на интернет и не е некоја замена за грамофон, ама па супер легнува која некој ќе ви ги собере на едно место сите ретки снимки на Кеш, овој пат во дует со Дилан.
Во 1993., неколку месеци пред објавувањето на славниот албум „Грејс“, Џеф Бакли изглегол на сцена во некој клуб во Њујорк, и инспириран од неговата средба со Дилан претходната вечер, почнал да го имитира.
Шарл Азнавур, еден од најпознатите пејачи и композитори на сите времиња, е автор на околу 1,000 песни, кои ги имаат испеано исто толку познати музичари како Реј Чарлс, Боб Дилан, Лајза Минели, Хозе Карерас. Во моментов, на 87 години, е на турнеја низ САД. А не е ни банкротиран, па да мора...
„Не знам зошто те сакам, онака како што те сакам", испеано со нешто помеѓу кисело смеење и болка од забиен нож во грб. По една минута и 37 секунди завршува. Страна прва, песна прва - „You're no Good", од првиот албум на Боб Дилан, еден од најзначајните американски музичари и поети на 20. век. Албумот - насловен едноставно „Боб Дилан" е издаден пред половина век (19. март 1962), кога тој имал 20 години и само што пристигнал од Минесота на Менхетен, со товарен воз.
Роднините на кои им ги нарачав не беа свесни на што се нафаќаат. 14 парчиња, 7.000 страници, над 10 кила. Има нешто свечено во комплетите книги, вглавени во картонска кутија како тули во ѕид, секоја со (фројдовски) тврда корица, и хартија мека ко душа.
На наши години ('наши' за да не испадне дека сум сама во маките), човек почнува со сведување на сопствениот уметнички и друг вкус. Знаете точно што да нарачате во кафана, по облека одите само во вам познати продавници, не се ни трудите да проверите кои се музичарите на кои се палат помладите, тешко склопувате нови (дури и Фејсбук) пријателства, а кога старите ве викаат за излегување се мачите да одберете меѓу тоа и рано легнување.
Понекогаш кажуваш нешто во песните, дури и кога шансата тоа да е вистина е мала. Некогаш кажуваш работи кои немаат никаква врска со она што навистина сакаш да го кажеш.
А понекогаш кажуваш нешта за кои сите знаат дека се вистинити.
Никогаш нема доволно време за размислување.
Си шиел, си пеглал, си се пакувал и си се возел.
Ете што си правел.
Боб Дилан, Хроники
Неколку месеци пред да умре од туберклоза Чехов му рекол на писателот Иван Буњин дека луѓето ќе го читаат најмногу седум години по неговата смрт. „Зошто седум?", прашал Буњин. „Е добро де, седум и пол", попуштил скромниот Чехов. 106 години по неговата смрт и 150 од неговото раѓање заклучуваме - добро е што не се обложил.