Во 2008 Дилан, заедно со Пол Роџерс, ја издаде илустрираната верзија на оваа песна. Стиховите се единствениот текст, а илустрациите, истите оние искористени во видеото подолу, го прикажуваат момчето кое расте заедно со фолк сцената на Гринвич Вилиџ од 1960-тите. И кое останува засекогаш младо.
ЗАСЕКОГАШ МЛАД
Господ нека те благослови
и секогаш нека биде крај тебе,
сите твои желби нека се остварат.
Секогаш прави нешто за другите
и дозволи им и на другите
да направат нешто за тебе.
Да изградиш скала до ѕвездите
и да се искачиш на секое скалило.
Засекогаш да останеш млад.
Да станеш правичен,
да бидеш искрен,
секогаш да ја знаеш вистината
и да ги гледаш светлата кои те опкружуваат.
Секогаш да бидеш храбар
да стоиш исправено и да бидеш силен
Засекогаш да останеш млад.
Твоите раце секогаш да бидат зафатени,
твоите нозе секогаш да бидат брзи,
да имаш силна поткрепа
кога ќе задуваат ветриштата на промените
Нека срцето секогаш ти биде весело,
твојата песна секогаш да се пее.
Засекогаш да останеш млад.