Ветување на заокруженост и конечност. Како одело за свадба, покриено со најлон. Последни вакви комплети на кои се сеќавам беа оние од Толстој и Достоевски, кои се купуваа како аксесориз на секој поголем регал. Кај продавачите на стари книги уште држат цена - „како нови се", ве убедуваат, покажувајќи ги на места слепените страници, кои очигледно никој не ги отворил. Можеби намерно, такви страници има и кај Штулиќ. За да се направи разлика помеѓу оние кои го нарекуваат лудак без да го прочитаат. И оние кои го прават тоа откако го прочитале.
Што ако чуете дека некој бивши рокер од чиста досада, помеѓу две партии мал фудбал, зел да го преведува највредното од класичната литература, и на тоа потрошил дваесет години? Како би го нарекле - амбициозен, ненормален, фејк? Но што ако тој се вика Џони Штулиќ? Вашиот однос кон неговото преведувачко дело сигурно ќе има врска со вашиот однос кон ликот на Штулиќ химселф. Ако сте некој кој пораснал со неговата музика, и во него отсекогаш гледал 'интелектуален џин', на хомеровски слепо ќе му дадете шанса. Ако сте од оние другите, дочитајте го овој текст. Џони е можеби луд. Ама глуп не е.
Ајде од почеток. Што содржи комплетот?
Божествена Илијада виа Хомер е препев, или повеќе толкување, на големиот класичен еп. Делови од него прв пат се појавија во сараевското списание „Живот" во 1991. Акростихот на триесетината воведни стихови - Балкане мој, буди ми силан и добро ми стој, ух, наопако - ја сугерира идејата на Штулиќ, содржината на овој еп да ја доведе во врска со тогаш веќе извесниот распад на Југославија и катастрофите кои ќе следат.
Божествена Одисеја виа Хомер - препев и на ова дело, по истиот 'неканонски' терк;
Херодотови истражувања - прозен превод на Херодотовата историја;
Историја на Пелопонеската војна од Тукидит - специфичен заради тоа што Штулиќ на недовршената хроника на Пелопонеската војна на Тукидит ја надоврзува онаа на Ксенофонт, кој според негово мислење дошол до Тукидитовите недовршени ракописи и истите ги дополнил и завршил, но и заради тоа што Тукидит е преведен во стих, а не како оригиналот, во проза;
Анабаза (во преводот на Штулиќ - „Успињање") и Хеленска историја („Хеленштина") од Ксенофонт - дополнување на приказната за конфликтите меѓу грчките полиси од претходно споменатата книга, со подемот на третиот клучен играч покрај Атина и Спарта - Теба;
Александријада - компилација текстови за Македонецот Александар Велики од Плутарх, историчарот Диодор, војсководецот Аријан и др., чија цел е да овозможи заокружен увид во неговиот живот и случувањата на македонскиот двор;
Аргонаутика - приказната за Јасон и Медеја, потрагата по златното руно, пловидбата на Арго;
Зборник - Плутарховите записи за Ликург, Тезеј и Солон, Ксенофонтовиот Устав на Атињаните и Лакедемоњаните, приказната на Плутарх Светониј за Цезар, забелешки кон Лириката на Итака на Милош Црњански и версификација на „Кога цветаа тиквите“ на Драгослав Михајловиќ;
Тријада - избор од текстови на тројца големи мислители: Лао Це, Емпедокле и Џен Луан;
Уметност на војувањето од Сун Цу - делото на познатиот кинески војсководец и современик на Конфучие (6 век п.н.е) кое е обврзна лектира на секоја воена академија.
Биографија на Сун Цу напишана неколку века подоцна и преглед на стари толкувања на неговите изреки.
Кали Југа - 5000 година јебаде - последна книга од книжевно-историскиот циклус на Штулиќ. Кали Југа како еден од временските циклуси на светот според хиндуизмот, мрачното доба, од каде (според Џони) доаѓа и изразот 'каљуга'. Хрестоматија на текстови настанати последните пет илјади години на различни краишта од светот, вклучувајќи ги Епот за Гилгамеш и делови од Махабхарата. Во индијскиот циклус е вклучен и текст на Никола Тесла („За човековото најголемо остварување", во стихови) во кое Тесла се осврнува кон старогрчкото и староиндиското наследство.
Освен наведените препеви комплетот содржи и автобиографија на Џони во стихови („Смијуријада"), „Зборуваа за Џони" (критики и есеи посветени нему главно од бившо-југословенски медиуми) и „Пеени песни", стиховите на познатите песни на Штулиќ. А, да, и двојно ЦД со досега необјавени концертни снимки на Азра од настапи во Мостар и Бања Лука (1990).
Уф! Се уморивте? Чекајте, сега доаѓа главното.
Бидејќи би ни требало пола живот да ги прочитаме сите овие книги, систематски споредувајќи ги со другите расположиви извори (онолку колку што ни дозволуваат двете години учење старогрчки и латински, и нула санскрит и кинески), во што искрено и немаме намера да се впуштаме, еве само една илустрација што всушност правел Штулиќ, освен што се утепал од работа. Како најрепрезентативен претставник на 'општата култура' ја земавме Илијада - знаете, онаа приказна за тепачките меѓу Агамемнон и Ахил, која традиционално му се припишува на Хомер. Да видиме како почнува на македонски, во превод на Михаил Д. Петрушевски (Македонска книга, 1982)
„Гневот божице, спеј го на Ахила, синот Пелејев,
пустиот гнев што им задал н'Ахајците безбројни бољки
силни во ад испраќајќи многубројни јуначки души,
нихните трупови пак правејќи ги плен на псите
и на јастребите сите; по волјата Ѕевсова било
да се раскараат прво и раздељат двајцата мажи:
синот Атрејев, јуначкиот цар, и божескиот Ахил.
Кој ли од бозите ниф ги натерал, кавга да кренат?
Синот на Ѕевс и Летоја. Се наљутил овој на царот:
лоша на војска болест и' отпуштил; гинеле љуѓе,
дек' Агамемнон Атрејев го навредил жрецот Хриса.
Тога до брзите бродој н'Ахајците овој се добрал,
за да со неброен откуп ја откине својата ќерка,
венци држејќи в раце на далекуметец Аполон
горе над златниот жезол, Ахајците сите молејќи,
најмногу двајцата сино н'Атреј, војсководците главни:
„Синот н'Атреја и други о Ахајци објалоносци,
нека ви дадат богојте, на вишниот Олимп што седат,
градот на Пријам да падне и стигнете дома вие здраво,
мене пак милото чедо да пуштите откуп земајќи
далекуметец Аполон честејќи го, синот Ѕевсов.
Тогаш Ахајците гласно удобриле другите сите;
да го почитуваат жрецот и скапиот откуп да го примат,
сал Агамемнон Атрејев не одобрил во своето срце,
туку го испадил лошо и продумал душманска дума:
„Да не сум те нашол веќе кај витиве кораби, старче,
нито да сега се бавиш ни подоцна пак да ми дојдеш,
зошто ни жезолот богов ни венците не те спасуваат;
неа не ја пуштам јас пред да старост дочека таја,
далек' од родната земја, во Арг во нашата куќа,
везден на разбој ткаејќи и в постеља мене чекајќи.
Туку не дразни ме, оди! да останеш жив, ако сакаш".
Еве ја верзијата на Штулиќ на истото парче (забележете го акростихот - првите букви од секој стих):
Bijes je tvoja pjesma zlokobniče,
Akilejev inat besmrtan i strašan,
Loše uspomene Ahajcima nanese,
Krasnim junacima podzemlja ogadi;
A smrt i pustoš darivajući svuda,
Ne da se goste ptice i psine,
Eh, već da božja volja bude ispunjena.
Molim, pjevaj pjesmu od začetka,
Od prvog sukoba što zakrvavi
Jakog Agamemnona i božanska Akileja.
Baš bogovi zametnuše svađu,
Uz Divova i Letina sina, Apolona, što kugu
Drsko na vojsku baci, koseći užasno,
Iznova, val za valom, nizašto,
Misleći pritom na Atrejeva sina
I to onog što povrijedi čovjeka
Svetog Hrisa, kad ovaj do brodova siđe
Istobokih, nudeći otkup za svoju kćer,
Leš u duši, na zlatnom skeptru božji stijeg,
Ahajce ljude usrdno moleći a
Najviše upravo obojicu Atrida:
Imajte milosti Menelaje i Agamemnone, i vi ostali
Dobro naoružani Ahajci, nek vam bogovi sa Olimpa
Ostvare sječu Prijamovog grada; a onda
Barem pravog vjetra u povratku, samo,
Rado bih nazad kćer za blago,
Ostalo ne ištem, bilo vam drago.
Moćan šapat zatalasa vojsku: "Ne preziri,
Istraj, daj starcu što želi, al pokupi lovu!"
Samo Agamemnon neće protiv svoje volje,
Tako daleko nitko ne izgura bolje:
Odlazi stari, ne poteži kavgu,
Jebem li ti popovsku majku.
Uhvatim li te kraj dugačkih lađa,
Huljo, još jedared, sada ili ikada,
Ni skeptar ni stijeg pomoći ti neće.
A što se tiče djevojke, kunem ti se,
Ostariće kod mene u Argu, daleko od domovine,
Predući vunu i grijući mi krevet.
A sad, ostavi me. Bježi dok si čitav,
Kasno nije.
Oprošteno ti je."
Нешто ви е чудно? Не е истиот еп? На ужас на класичарите, но на општо задоволство на оние што сакале, но никогаш не успеале да сфатат што по ѓаволите се случува во овој текст, Штулиќ 1) го зипува; 2) ич не му чуе за пагинација, ритмичка и метричка структура; 3) скроз ја почитува нарацијата; 3) ја 'зачинува' со сленг и јужнословенски бисери („јебем ти поповску мајку"). Со еден збор, Штулиќ прави „кавер" на Илијада, како што некогаш правеше одлични преработки на Дилан, Коен и Присли. Само што за првово е потребно малку повеќе отколку да знаете неколку гитарски акорди.
Кога прв пат бил објавен во целост, во 1995 од страна на белградска „Комуна", издавачите од предигиталното доба ги мрзело да го пречукуваат целиот еп, па само ги фотокопирале страниците А4 формат, напишани на холандска машина за пишување без 'наши' букви, со знаци кои преведувачот морал рачно да ги допишува, потоа страниците ги подврзале во кожа, и го претставиле изданието на тогашниот саем на книга. Во Политика тоа тогаш е наречено „генијална будалаштина". Авторот на текстот Александар Гаталица е сканализиран од отстапувањето од академската интерепретација на Хомер: „Новиот превод на Илијада би им го препорачал на љубителите на Џониевите рокерски балади, и на некогашните пасионирани читатели на Буковски." Тој сепак признава дека Штулиќ прави корисна демистификација на тројанските јунаци, и на прифатлив начин ги приближува на обрасците на мислење на шеснаесетгодишниците. Па, има ли поголем предизвик од тоа тинејџер да го натераш да го чита Хомер, и притоа да му биде забавно? Тогаш, во 1995, Гаталица изјавува дека ако Џони вака продолжи и со Одисеја ќе биде спремен да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Колку не знаел со кого си има работа, пустиот...
За нас најточен опис на целата работа дал професорот по светска книжевност Мухамед Џелиловиќ, по објавувањето на првите извадоци од преводот на Илијада на Штулиќ во Сараево. „Класичните филолози и педантните книжевни историчари нема во овој препев да го најдат вообичаениот однос кон оригиналот. Штулиќ тука слободно, речиси безобѕирно бега и од нормите јазички, и од нормите стилски. Но затоа тој апсолутно ја почитува наративната структура, следствието и распоредот на настаните под Троја и на Олимп, неговата вродена склоност кон епско-наративниот облик едноставно се 'нашла на свој терен'. Ова е едно моќно посредување на сопствената сегашност, па оттаму за овој препев не е од особено значење честото напуштање на изворното значење на Хомеровите стихови, туку соопштувањето на една иронично-актуелна смисла. Терај Џони до крај, додека Троја не пламне, додека војниците не се напијат крв, додека лудилото не се смири, макар толку колку да се закопаат мртвите." Годината, да се потсетиме, е 1991.
Ако го дочитавте текстов веројатно сте спремни да ги читате и препевите на Штулиќ. Тие бараат трпение, концентрација, па и физичка сила за да ги кренеш топтан на регал. Го пуштам „Кад Мики каже да се боји" и се обидувам да го замислам Џони со копје и ахајски сандали како шета низ Нов Загреб, или како мал чупко кој трча низ скопските улици. Еве извадок од автобиографската Смијуријада за кој, ако за ништо друго, заслужува македонски пасош. Џони терај до крај, за Гинис!
Razlog zašto volim glazbu, ako već ne muziku,
pošto u potonju spada gluma, kiparstvo, knjige
i što još ne, upravo je moje skopsko rođenje,
koje je s tê strane dvojako. Naime, božje
makedonske narodne pjesme il bolje rečeno
neke od njih su vrh vrhova, iako su više
vlaške odnosno rumunjske, ali ni slavni izraz
makedonska salata nije bezveze. Dakle, to
je prvi utjecaj. Drugi je moja sreća da sam
tri godine, ako ne i dulje, s vojskom bio;
na isti način kako engleske postrojbe rabe
za maskote životinje, tako sam se i ja po
kasarni vrzmao. Pa kakve to veze ima s
glazbom, reći ćete. E pa u to je vrijeme na
snazi bio isti običaj koji i dan danas
važi, bar kad ratuješ u tuđoj zemlji, da skoro
svaki mjesec održavaju priredbe najveći
zabavljači. Tako sam se i ja naslušao i
nagledao svega. Al najviše me je dojmio
ples u menzi poslije objeda, riječju, kad uz
zvuke ora tuce njih u zrak skoči i ko jedan
mačem o pozornicu lupi, zapravo u daske
ga zabiju, sve u izvornoj nošnji. Mimo toga,
dva puta godišnje ispod brijega na kojem sam
živio, s proljeća i jeseni, kraj Vardara
se održavala narodna svetkovina, sajam
uz zvuke tapana zurli i svega ostaloga;
a mi smo potezali žabice na končićima
ili lastikama i pucali na kapisle iz
dječjih pištolja. Mnogu ubavo. Međutim, kolko
god sam ja to odgađao, došlo je vrijeme u
školu poći, koju sam pohađao samo mjesec
dana. Onda smo se odselili, jesen je bila.
A to mi školovanje nije uopće teško, da
kažem, palo, za razliku od potonjeg, zato što
sam putovao londonskim crvenim busevima
na kat, koji su u to doba po Skopju vozili,
pretpostavljam ne zbog mene, već iz neke pomoći.
I najčudesnije od svega: u to je vrijeme
klima nepromjenljiva bila, znači prvog dana
siječnja probudim se i trčim na prozor snijeg
vidjet, koji je preko noći barem metar, ako
ne i više, napadao. Menstruacija bi u
sekundu dolazila, alo! Zbilja, čudo pravo.
Nikad se od tog odlaska nisam oporavio.
Ne zbog Skopja, naravno. Teško da sam išta znao
ili vidio; već iz tog mojeg sjaja bace me
u sasvim suprotno, gdje pokazatelj Kaligula
više nije vrijedio. Ja sam se i dalje po
kasarni vrzmao, ali pedesete su prošle,
šezdesete su došle, i ja se morah za sebe
pobrinuti. Mislim da nigdje ta glazba zvonila
nije koliko u Jugi i možeš ga jebati.
Илина, Букбокс