Она што не го знаел е дека менаџерот на Боб Дилан бил во публиката, и притоа баш и не покажал голема смисла за хумор. Откако му било пренесено дека Боб се лути, Бакли напишал писмо за извинување, кое било прочитано и јавно (слушни аудио).
Драг Боб,
Не знам како да почнам.
Минатата сабота мојот пријател Стив Берковиц ми пренесе дека ти било кажано нешто што сум го рекол на сцена, и дека си бил навреден.
Сега слушај ме.
Не можев да знам како ќе ти бидат преведени моите зборови, дали нивното целосно значење и контекст останале недопрени, но вистината е дека бев на сцена, мојот ум тогаш оди онаму каде што оди, се обидува да биде смешен, а не беше ич смешно, и заебав. Навистина заебав.
Најлошото не е во тоа што твоите луѓе го слушнаа тоа. Ме убива тоа што ти мислиш дека ја го мислам за тебе она што ти е пренесено. Не дека те сакам. Не дека отсекогаш сум те слушал, и дека ја носам твојата музика секаде каде што одам. Не дека ти верувам. И не дека твоето шоу беше супер.
Бев циничен само кон толпата во Супер клубот, и тоа сакав да го постигнам кога го реков она што го реков, и жал ми е што никогаш повеќе нема да имам шанса за прв впечаток.
Навистина беше љубезен што ми дозволи да те запознаам зад сцената. Никогаш нема да те заборавам, она што ми го кажа, дур сум жив. Ми рече: „Направи добра плоча, момче". И почестен сум што воопшто те сретнав. Само ми е жал што немав прилика да ти го кажам сето ова пред целава интрига. Интригата не е вистина. Голем број очи ќе го читаат ова писмо пред да пристигне до тебе Бо, што го прифаќам. Некој ден ќе знаеш точно што мислам, како човек на човек.
Биди добар,
Џеф Бакли
Во прилог кавер на Бакли на песна на Дилан и, како одбележување на 15-те години од трагичната смрт на човекот со преубав глас (не велам ангелски, затоа што никогаш не сум чула како пее ангел), целиот албум Грејс.