Кој кого?

Славни читаат за славните

Кога ќе видиме некој познат како чита биографија на некој ист таков, уште попознат, некако ни олеснува - значи не сме само ние тој „плебсот" кој ужива во ѕиркање во туѓите животи.

Очигледно познатите се исто толку фасцинирани еден од друг колку што сме ние од нив. Само да видиме кој од кого (за жал фотка каде позната личност ја чита новата книга на Љупчо Георгиевски не успеавме да најдеме).

Ингрид Бергман чита биографија на Одри Хепберн

Дејвид Боуви чита за Бастер Китон (и почнува да личи на него).

Џорџ Харисон чита за Боб Дилан (исто како и Стив Мартин на првата).

Оливија Вајлд (од „Хаус“) заинтересирана за животот и делото на Кит Ричардс.

Орсон Велс го сака Волт Витман.

Руперт Гринт („Хари Потер“) чита био на Салвадор Дали.

Хичкок ја консумира животната историја на Елен Тери (славна театарска глумица во Британија, најпозната по улогите во Шекспировите драми)

* Фото на насловната - Вејн Руни си ја чита сопствената автобиографија која ја објавил 2006., кога уште бил тинејџер

30 јуни 2012 - 08:44