Приказната што со децении се шири за втората жена на Ленон беше дека таа е главната причина што Битлси се распадналe и дека е генерално една таква, никаква, агресивна како и нејзиното пеење. Новиот документарец на Питер Џексон покажува сосема поинаква слика.
Тоа дека една лебарка или винска мушичка би можела да има чувства, дури и за басна звучи претерано. Но како што се трупаат докази за истото, изгледа ќе треба да се преиспита нашиот емоционално потценувачки став кон овие суштества.
Нова студија спроведена од грчка невладина организација истражила над илјада наслови објавени во Грција помеѓу 2010 и 2020 година за деца од 4-12 години. Заклучила дека тие се полни со стереотипи и неинклузивност. Како и секогаш - какво општество, такви книги за деца.
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Насловот на филмот e напишан на латиница бидејќи е акроним, и на англиски означува „дете на глув родител“ (Child of Deaf Adult). Во случајов последниот збор треба да е во множина, бидејќи тинејџерката Руби Роси е ќерка не на еден, туку на двајца глуви родители. А исто така глув е нејзиниот брат. Да се биде единствениот аудио канал на семејството со светот за неа не е лесно.
Партијата на домородното, маорско население на Нов Зеланд неодамна покрена петиција за промена на името на државата, како симбол на обединување. Но која е етимологијата на називот кој тие го бараат?
Презабавна серија во шест епизоди за оние кои работат во високото образование, без оглед на која точка од планетава. За оние другите можност да се види како е да си од онаа страна на катедрата, со сите предизвици кои ги носи судирот на професорски генерации, „разбудените“ студенти и финансиската несигурност во академскиот свет.
Од денес, 19.8 до 26.8 на четири локации низ Скопје ќе се одржи 12-тото издание на Македокс. Овој филм на иранската режисерка Фирузе Косровани е еден од 70-те документарци на програмата.
Вообичаено мислење е дека Олимпијади во средниот век едноставно немало. Но тоа не е сосема точно - меѓународни спортски натпревари сепак се одвивале, со трки со кочии и рицарски дуели.
Во 1983 „гоустрајтерот“ Бери Колман добил неверојатна задача - итно да напише книга која негов претходник ја влечкал со месеци, а чие неизлегување би значело крах на издавачката куќа. А темата не била баш едноставна.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Кога ќе се споменат судења за воени злосторства по Втората светска војна најчесто се мисли на Нирнбершкиот процес. Популарната западно-европска и американска култура ретко се занимавале со судењата за воени злосторства на Далечниот Исток. Оваа серија е еден таков пример.
Германско-австриски филм заснован врз истиоимениот роман на Марлен Хаухофер од 1963, сосема соодветен за време на пандемии и карантини. За многумина препознатлив и без оглед на вонредните околности.
Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.
„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.
Пандемијата наметна куп етички прашања, меѓу кои и она најстрашното - во ситуација на ограничени ресурси, на пример апарати за кислородна поддршка, кој ќе се квалификува како приоритетен, а кој ќе биде оставен да умре? Во САД во 1960-тите бил формиран комитет кој требало да решава на слична тема - кој ќе оди на дијализа, а кој не.
„Дисидентството е највисока форма на патриотизам" е изрека која традиционално му се припишува на Томас Џеферсон, иако е најверојатно на современиот американски историчар Хауард Зин.
Има нешто, и историски и актуелно, што од Медитеранот прави митско место. Средиште на земјата, средо-земје и на словенски и на грчки и на латински, лулка на древни цивилизации, почетна точка на големите географски откритија, легло на ренесансата - место кое се памети по изгореници, запарни камп-приколки и тинејџерски летни љубови.
Оние кои, како мене, се имаат скарано со математиката и природните науки, за Гедел главно знаат посредно, преку делото на Даглас Хофштатер „Гедел, Ешер и Бах".