Глумеше, меѓу другото, во серијата „Вајр“, покрај Џулија Робертс во „Насмевката на Мона Лиза“, во „Војни на ѕвездите - Фантомска закана“ и во шведската сатирична драма, „Квадратот“. Најтазе ни е неговата улога на писателот Ноа Соловеј во „Аферата“, чии четири сезони ги изгледавме со доза на „виновно задоволство“, де сакајќи го, де крајно мразејќи го неговиот лик.
Изминатата година овој збор бил во првите 20-30 пребарувања на сајтот на издавачот на познатите речници на англиски јазик. Расна, социјална, економска - сите овие биле во центарот на американската (и не само американската) дебата.
Во нова книга на когнитивниот невронаучник Кристијан Џарет, чии статии се појавуваат во Гардијан и Њу Сајнтист, се анализира едно многу старо, и многу базично прашање: дали луѓетo се во основа лоши или добри? Одговорот e можеби очекуван. Па сепак не ни се допаѓа, затоа што се однесува и на нас.
Денешното нововоспитано интернет граѓанство не ја пушта Хилари туку така. Дали ќе им помине или ќе се префрлат на малтретирање на некој со многу помало влијание од нејзиното, останува да видиме.
Два моменти врежани во поп-културата имаме за разгледување: едниот е кралската свадба, Хари и Меган Маркл жигосан во медиумската историја. Другата е потребата од сè да се направи порно, подкатегорија: од сè да се направи секси костим за маскенбал.
Не е можно до толку да немаат некој задолжен за предвидување на „навреденост” во протокол. Или имаат и се такмичат кој ќе ја намести Меланија за поголема глупост.
„Од каде Малком Гладвел трендинг на Твитер? Мора нешто гадно да заебал.“ Вака ни течеа мислите додека пребарувавме што се случило. А сè што направил било - ја поддржал идејата Бенон да настапи на фестивал, кој е замислен како полигон за дискутирање идеи.
Историјата на Глорија Стајнем и нејзиното присуство во глобалниот општествено-политички живот е причината за оној прашалник во насловот. Ама изгледа, стварно. И има логика.
Големите полека заминуваат и не изгледа дека имаат достојни наследници. Арета била првата жена примена во Рокенрол халата на славните, а нејзината петдецениска кариера го оправдува епитетот „кралица на соулот“.
За некого преводот е сиромашкиот братучед на литературата, нужно зло, па дури и богохулие. За други, преводот е мост за меѓукултурно разбирање и креативно толкување. Нова книга ги истражува обете страни на медалата.
Есента ни беше на гости на Скопскиот џез фестивал. Сега објавува нов албум под наслов „Песни на отпорот 1942-2018“. На една од нив му гостува и долгогодишниот соработник, Том Вејтс.
Не фигуративно, туку буквално. Туркање во автобус, непосакувано гушкање, дишење во врат - сето тоа се доживува како загрозување на личниот простор. Иако радиусот на ваквата територија се базира и на културата, потребата тој да се има (или да се препушти на друг) е длабоко еволутивна, вели нова книга.
За време на втората светска војна, ги советувале кралот и семејството да се префрлат во Канада. На оваа идеја, тогашната кралица (Кралицата мајка), одговара: „Децата нема да одат без мене. Јас не одам без кралот. А кралот никогаш нема да замине.”
Долгите часови сведочење на Марк Закерберг пред американскиот Сенат го научија светот многу за Фејсбук (и чичковците ги научија како работи интернетот), но дали тоа беше главниот интерес на јавноста? Не. Се задржаа на детали од една многу побенигна природа.
Наспроти лудилото околу здравата исхрана, разулавените трчања по теретани, броењето калории, опсесијата со глутен и масовната медиумска покриеност на идејата „позитивно размислување”, стои Барбара Еренрајх, тврдејќи дека забраната за пушење е директен напад на работничката класа, а луѓето одбиваат да се соочат дека имаат рок на траење.