Да не се чита ако сте лесни на повраќање.
Ова почнува во Индонезија, ама со оглед на тоа што го преземаа медиуми од понавака, ништо чудно да стане тренд и во земјите што божем се понапред. Нели, истите од кај што потекна Тајд под предизвикот, кога јадеа капсули детергент за перење.
Сега вријат тампони и улошки и ја пијат течноста. Наводно тоа хемијата внатре што „течноста ја претвора во гел” има некакви способности што им делуваат како дрога.
Со тоа што, како и секој наркоман, кога ќе им снема некористени производи вријат - користени. Со крв, со све.
Полицијата низ цела Индонезија апси тинејџери фатени на дело со женски хигиенски производи, што, откако уредно ќе ги зовријат и ќе ги испијат, им предизвикуваат „чувство на летање и халуцинации”.
Индонезија има многу строг закон за дрога, што е причина не да не се дрогираат, туку да им текнуваат вакви работи. И со „најскромни количини дрога” во себе, ризикуваат смртна казна.
Уште еднаш, како ли само стигнавме до 2019-та.
И ова е едно големо „Ама зошто?”