Ако сте прочитале еден западњачки медиум последниве неколку месеци, веројатно од прилика ви е јасно зошто се прави сето тоа. Небричење, недепилирање и неправење друго во однос на влакната по телото, се доживува како еден вид штафета, при која, жените „повторно” ја земаат моќта во свои раце, не подлегнувајќи на општествените норми и очекувања за убавина. Поточно, очекувања за депилација.
За да се рашири „моќта” и да стигне до што повеќе луѓе, се користат социјални мрежи, па така, почастени сме со многу хаштагови и фотографии од влакнести нозе, раце, мишки, фаци и секакви други делови од телото што сопствениците ги користат како „плескање на општеството во фаца.” Дали ова движење прави нешто поконкретно за помагање на реалните проблеми на жените ширум светот?
Се разбира дека не.
Среќното, егзибиционистичко сликање длакави колена и тоа, туф туф, женски, замислете, станува тренд има наслов: #JanuHairy (која ингениозност!), чија што кума е една студентка, Лора Џексон која својата мрза да се средува ја преточува во борба против патријархатот и го документира тоа на Инстаграм:
Следува гласен восклик од самопрогласени феминистки кои го прифаќаат трендот и вака тоа изгледа:
Цитатот на сликава вели:
„Нема ништо поретко, ниту поубаво од жена што е храбро она што е; на која ѝ е удобно во нејзината совршена несовршеност. Мене тоа ми е вистинската суштина на убавината.” - Стив Мараболи
Дали Стив Мараболи мислел баш на ова кога ја смислувал изјавава, не знаеме, ама знаеме дека нема ни да навлегуваме во тоа дали е вака убаво или не е.
Ко слеп за стап ќе се држиме до следното: твоја работа.
Џексон објаснува: „Не е ова лута кампања насочена кон луѓето што не разбираат колку се нормални телесните влакна, туку проект за сите да разберат повеќе за погледот на себе и другите.”
Ние може нема да побараме изјава од неа, од проста причина што не нè занима, ама има една работа што ќе се понадеваме дека ќе ја објасни во некое наредно интервју од нејзините 15 минути интернет-слава: зошто ѝ се средени веѓите? Нели природно си е природно, моќ, општество и други слични досаѓања?
Во меѓувреме, локално уште не сме се справиле со семејното насилство, ама пуштете влакна! Раскажете на светот! Може и таму некој цреп што дава помала плата на жени, или некој што тепа, или некој што угнетува, или потчинува ќе си рече: „Пичка му матер, да не ја видев оваа со влакнава, немаше да знам дека жените нешто вредат.”