Рекордот за најмногу лајкови на Инстаграм сега го држи едно јајце

Едно мало јајце.

Со јасна намера да го срушат рекордот на Кајли Џенер и нејзината најлајкувана објава на Инстаграм (кога објави слика од бебето), едни луѓе што се викаат The Egg Gang („Тие со јајцето”) објавуваат слика со - јајце.

Јајцето во неделата вечер го собори рекордот од 18 милиони лајкови, а денес е веќе до 39 милиони и како тргнало, сигурно ќе стигне до 40. Се отворија и слични профили за качување на возот и кеширање лајкови и следачи, ама џабе. Јајцето си е закон. Дури и Кајли Џенер изреагира со видео каде што крши јајце.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Take that little egg

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Ова не е прв пат да се отвори шала-профил во ваков контекст. На Твитер го има профилот Half an Onion, отворен со намера да ја надмине популарноста на Доналд Трамп и доби 635,000 следачи, а Атлантик пишува и за онакви профили со идентична фотографија секој ден, за собирање бројки заради досетливост. Имавме и ние таков, „Истата слика од Маријан Стојановски секој ден”.

The Egg Gang објавија пост со благодарност за поддршката и текст:

„Ова е лудило. Какво време да се биде жив.”

Ајде сега сите да го лајкнете јајцето.

15 јануари 2019 - 11:29