Двајца големи музичари доаѓаат до исти заклучоци за врската помеѓу музиката, времето и просторот. Едниот го образложува ова во форма на книга, другиот во интервју. Обајцата нè потсетуваат дека музиката, колку и да изгледа „езотерично“, е сепак врзана за материјалното.
Oдлична збирка раскази, која наскоро ќе биде промовирана на овогодинешното, 55-то издание на ДАФ - фестивалот на аматерски театар. Од страна на еден од „најозлогласените“ панкери во душа во екс-Југославија, Марко Брецељ. Претстави, промоции, концерти и - кликбејт! - еклери за пет денари. Разбудете го бунтовникот во вас и дојдете во Кочани.
Секој академски обид да се сугерира дека кожата на древните Грци можеби не била бела, туку барем нешто потемна, предизвикува контроверзи. Последната таква е поврзана со новата ТВ серија на Би-би-си, „Троја: пад на еден град“. Таму Ахил, Патроклo и уште пар ликови се - црни.
Во овој филм не се случува (речиси) ништо. На моменти e и досаден. Но сепак вреди да се погледне, и тоа заради две нешта - Џефри Раш, и приказот на тоа колку е проклето тешко да создаваш уметност.
Уметницата Рејчел Брин и поетесата Алисон Морз укажуваат на тешките услови за работа на текстилните работници, поттикнувајќи ги гледачите критички да се осврнат на својата потрошувачка на облека.
Бројните признанија од областа на книжевноста во светот веќе стануваат индустрија сами по себе. Но за нивниот квантитет има добра причина. И ние се приклучуваме, воведувајќи една лута.
„Просветителство“ ни асоцира на мртви бели мажи со перики. Но за Пинкер, вечниот оптимист, ова не е одамна минат и заборавен период од човечката историја, туку претставува збир вредности кои ги почитуваме и во 21 век, иако можеби не сме свесни за тоа. Да, а?
Можеби и не е ферски што вака ја опишуваме во насловот, но Мелати Сурјодармо експериментира со телото и преку своите перформанси предизвикува „концентрирано ниво на интензитет“ на сличен начин како и нејзината реална менторка.
Научно-фантастична серија стрипови која според зборовите на критиката „им во вади сексистичкото срце на експлоатативните дискурси во врска со жените, а потоа нивните трупови ги лансира во друга галаксија".Доволно да го заскокотка феминистот во секој од нас.
Нешто помеѓу помен и трибјут, во њујоршкиот Челси Хотел се отвори изложба на слики на еден од основачите и според многумина ’рбетот на славниот панк бенд. Тоа што таа е организирана токму во овој хотел има и посебна симболика.
Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.
Токму навреме за „најважниот оброк во денот“, текст за еден феномен кој сме го мислеле откако прв пат сме појадувале во хотел. Ние имаме добра причина зошто сега веќе го прескокнуваме - има некоја тага во едвај расонетите луѓе кои во рани зори бутаат пржени јајца и се одлучни во тоа да ви прават осмислен разговор, додека вашето асоцијално јас сè уште не е успиено од дневното, политички коректно „друго".
Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...
Документарен филм чија премиера во САД се случи во март оваа година, а во Британија токму денес (18.7), зборува за ликот и делото на една таинствена жена, која за време на животот направила повеќе од 150,000 фотографии за кои до скоро никој не знаел. Сега тие се вбројуваат во врвот на уличната фотографија.
Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.
„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.
Вчера вечер (26.3) Пети Смит отвори голема ретроспективна изложба на фотографии на нејзиниот поранешен партнер и пријател, кој почина од сида во 1989, на 42 години.
Вознемирен од можниот успех на радикалната десница на локалните избори во Франција кои се во тек, Бернар-Анри Леви на својот сајт објави список имиња и обвинувања за нејзини членови и функционери. Французите, а богами и цела Европа, треба да знае.
После 10-те песни составени од наслови на офф.нет, решивме да го прошириме полето за поетска инспирација. Еве неколку составени од наслови на денешни вести кои ги најдовме на агрегаторот Daily.mk. Заеднички на сите би можел да им биде - „Животиште“.
Инспирирана од денешната статија за твитерџијата кој си го нашол чарето, прочепкав по мојот изминат твитер труд. Чаре додуша не најдов, ама по првата збирка, издвоив твитови за уште една.
Во февруари 1910 Томас С. Елиот почнал со пишување на песната која за многумина го означува преминот од романтичниот стих на доцниот 19 век кон модернизмот. Таа е за сите оние кои се осмелуваат да го вознемират космосот, пиејќи го утринското кафе.
Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.
Пријател и соработник на Дали изработува парчиња мебел инспирирани од неговите слики. Најновото дело му се вика „Ксaи“ и претставува масичка за во спална направена од препарирана овца. Цена - џабе.