- Легендата на српската и југословенска кошарка Драган Капичиќ починал во понеделник на 76 години. Се уште не се знае причината за смртта која што ќе биде дополнително соопштена.
- Капичиќ професионално играл кошарка од 1965-та до 1981-ва година а голем дел од кариерата поминал во Црвена звезда (од 1965-та до 1977-ма) и со црвено-белите освоил три Купа на Јуогславија, две шампионски титули на Југославија како и Сапорта Куп 1974-та.
- Капичиќ бил и најдобар стрелец во сезоната кога освоиле Сапорта Куп. После Звезда играл во Сатурн од Келн со кој станал шампион на Германија. Со репрезентацијата на Југославија освоил светска титула во 1970-та и европска титула во 1975-та година. Има сребро од Светско 1974-та и сребро на Европско 1969-та и 1971-ва.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.