Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Барса и Роналдо главни на социјалните медиуми

Барселона и Кристијано Роналдо се најпопуларни спортски „брендови" на социјалните мрежи, а Роналдо и Меси се повеќе популарни дури и од своите клубови.

Европскиот шампион мора да падне

Најтешкиот натпревар во групната фаза на Мундијалот во Шпанија не очекува вечерва со почеток во 20:15 часот против селекцијата со богато педигре. Данска има 20 учества на светските и девет на европските првенства. Можно ли е чудо против великанот на ракометот?

Леброн и Коби ги предводат првите петорки на Ол стар

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.

Џогирај, диши длабоко и стани понизок

Само на кратко понизок, ама сепак мерливо понизок. За сите оние кои сакаат да се скусат (ако има такви) барем привремено, нека почнат да трчаат.

Реми потпиша за КПР заради игрицата FIFA

И покрај тоа што Марсеј ја прифати понудата на Њукасл и тој требаше да биде замената на Демба Ба, напаѓачот Лоик Реми реши да потпише за фенерџијата КПР. Причина за овој трансфер е една партија на игрицата FIFA со газдата на клубот.

Со големи маки до 1000 настапи

Ветеранот Грент Хил кој во текот на целата своја кариера не крена глава од повреди, се изнамачи да стигне до посакуваната бројка од 1000 настапи во најсилната кошаркарска лига во светот. 20 активни кошаркари во НБА лигата го достигнале овој успех.

Армстронг остана и без олимпискиот медал

Меѓународниот олимписки комитет одлучи да му го одземе бронзениот медал на велосипедистот кој го освои на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

Фудбалски карамбол

Мешаницата на фудбалерите на Ковентри и Транмир од третата англиска лига беше долга и комична, а наликуваше како да се работи за деца кои играат мал фудбал во училишен двор.

Пипан ќе ја предводи кошаркарската репрезентација

Не помина ниту еден ден откако Алеш Пипан го раскина договорот со кошаркарската федерација на Полска, а раководството на МКФ веќе постига договор со Словенецот и тој ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во септември.

Асистентката на Гвардиола

По потпишувањето на Пеп Гвардиола за Баерн Минхен, скоро сите медиуми почнаа да шпекулираат со имињата на неговите можни асистенти, но во нивна сенка не смее да падне асистентката Кругер.

Матераци расистички малтретирал соиграч

Ан Јунг Хан, корејскиот фудбалер кој ја елиминираше селекцијата на Италија во осминафиналето на Мундијалот во 2002 година, на телевизиска емисија се пожали од незгодниот карактер на Матераци кој му рекол во соблекувалната дека смрди на лук.

Торнадото Роналдо

Кога Кристијано Роналдо ја има топката, руши се пред него. Барем така е во рекламата за неговите Mercurial Vapor IX.

Банкарот кој воведе нови шеми во фудбалот

Човекот кој работи во сенка во екипата на Фиорентина не и е многу познат на јавноста, но тој го носи прекарот "магионичар" затоа што за 38% проценти од постигнатите голови на „Виолетовите" заслугите му ги препишуваат нему.

Македонија на 80-та позиција на ФИФА листата

На најновото рангирање на ФИФА и прво за 2013-та година, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за една позиција и се искачи на 80-то место.

150 години ФА

Фудбалската асоцијација на Англија оваа година прославува 150 години од постоењето. Како дел од одбележувањето на јубилејот, тие го направија и ова видео од 150 секунди со најважните моменти од историјата на англискиот фудбал.

Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Најинспиративните спортисти на годината

Признанието за спортист на годината од страна на магазинот Sports Illustrated му припадна на Леброн Џејмс, но тој ова признание им го посвети на браќата Лонг. Конор има 9, а Кајден 7 години и има церебрална парализа, но тие двајцата заедно се натпреваруваат во триатлон.

Реми во драматичен финиш за Македонија

Иако големата Русија постојано беше во водство, избраниците на Шундовски во последните мигови од средбата освоија драгоцен бод во четвртото коло од светскиот ракометен шампионат во Шпанија.

Фановите го избраа тимот на годината

Читателите на сајтот на УЕФА го изгласаа најдобриот состав за 2012 година. Во изборот учествуваа рекордни 5,3 милиони љубители на фудбалот што е за 20% повеќе од минатата година.

Нов начин на вреѓање судии

Дисциплинската комисија му одреди парична казна од 10 илјади евра на претседателот на италијанскиот четвртолигаш Нуово Кампобасо кој на разгласна табла го навреди судијата.

Најнесреќниот слободен удар

Фудбалерот на Обединети Арапски Емирати, Камис Исмаел на натпреварот против Кувајт изведе слободен удар кој може да се прогласи за најнесреќен во историјата на фудбалот.

Сите 17 тимови на Барса победија викендов

За прв пат во историјата на клубот, овој викенд победија тимовите во сите можни возрасни категории.

ФИФА ќе му компензира на Реал Мадрид

Реал Мадрид е еден од првите клубови кои ќе профитираат од новата шема на ФИФА за плаќање компензација при повреда на фудбалери.