Фановите го избраа тимот на годината

Читателите на сајтот на УЕФА го изгласаа најдобриот состав за 2012 година. Во изборот учествуваа рекордни 5,3 милиони љубители на фудбалот што е за 20% повеќе од минатата година.

Како што може да се забележи во тимот доминираат фудбалерите од шпанскиот шампионат, односно по 4 играчи на Барселона и Реал Мадрид, и само по еден од италијанското, германското и француското првенство, а нема ниту еден од Премиер лигата.

Веќе три години по ред во идеалниот состав на УЕФА има по осум фудбалери од шпанската Премиера Дивизион. За Лионел Меси ова е рекорден седми пат да се најде помеѓу најдобрите 11, додека Кристијано Роналдо и Икер Касиљас се наоѓаат во шести пат.

Најдобриот тим за 2012 година:

Голман: Икер Касиљас (Реал Мадрид)

Одбрана: Серхио Рамос (Реал Мадрид), Џерард Пике (Барселона), Тијаго Силва (Милан/ПСЖ), Филип Лам (Баерн Минхен)

Среден ред: Андрес Иниеста (Барселона), Чави Ернандес (Барселона), Андреа Пирло (Јувентус), Месут Озил (Реал Мадрид)

Напад: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

16 јануари 2013 - 14:17