Леброн и Коби ги предводат првите петорки на Ол стар

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.

Коби Брајант по 15-ти пат се најде во стартната петорка на западната конференција со 7.800 гласови повеќе од Леброн Џејмс, а освен Кобим на западот има вкупно четворица кошаркари од Лос Анѓелес.

Тренерите на двете екипи ќе ги изберат резервните состави и имињата на овие кошаркари ќе бидат објавени следната недела.

Ол стар натпреварот е на програмата од 15 до 17 февруари и ќе се одржи во Хјустон.

Запад:
Коби Брајант 1.591.437 гласови
Кевин Дурент 1.504.047
Крис Пол 929.155
Двајт Хауард 922.070
Блејк Грифин 863.832

Исток:
ЛеБрон Џејмс 1.583.646
Кармело Ентони 1.460.950
Двејн Вејд 1.052.310
Ражон Рондо 924.180
Кевин Гарнет 553.222

18 јануари 2013 - 09:53