Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Вкупно 38 кошаркари имаат постигнато над 20.000 поени во НБА лигата (вклучувајќи го и неговиот 37 годишен колега Реј Ален кој до сега има постигнато 23.336 поени), но Леброн Џејмс со 28 години и 17 денови е најмладиот кој успеа да го стори тоа. Потребни му беа 18 поени, а тој на натпреварот против Голден Стејт реализираше 25 поени и 10 асистенции.

Со 10-те асистенции, Леброн ја мина границата од 5.000 асистенции. Минатата година тој оствари 5.000 скокови, со што сега тој влезе во клубот од само 11 кошаркари кои имаат реализирано 20.000 поени, 5.000 асистенции и 5.000 скокови.

17 јануари 2013 - 09:13