Претставниците на МОК ја донесоа оваа одлука откако соопштија дека тој нема намера да поднесе жалба за поништените резултати кои ги оствари од 1998 година. Рокот од 21 ден во кој тој имаше право да се жали истече денеска.
Инаку во октомври минатата година поради допинг, на Ленс Армстронг му беа одземени сите седум титули кои ги освои на Тур де Франс во периодот од 1999 до 2005 година, а доби и доживотна забрана за натпреварување.
Во интервју за шоуто на Опра Винфри, велосипедистот призна дека користел недозволени средства за време на неговата кариера.