Бразилецот Марсело се повреди на 14 октомври за време на подготовките се репрезентацијата на Бразил и беше надвор од терените скоро 3 месеци, но ФИФА ќе плати само за 56 денови.
Според новата програма, клубовите чии играчи се повредиле за време на подготовки и натпревари со националните тимови во термините на ФИФА и отсуствувале минумум 28 денови, ќе добијат компензација за секој пропуштен ден.
Висината на компензацијата варира во зависност од платата на фудбалерот, а максималната вредност изнесува 20.548 евра.
Според калкулациите, ФИФА ќе му исплати на Реал Мадрид 1.150.688 евра.