Кореанецот Јунг Хан во 2000 година потпиша за тимот на Перуџа каде играше заедно со поранешниот италијански репрезентативец Марко Матераци. Непријатното искуство со неговиот клупски колега го раскажа на телевизија.
„Почна да ме вреѓа и ме засрами пред сите во соблекувалната, велејќи ми дека смрдам на лук. Не знаев што ми зборува, а преведувачот се засрами кога требаше да ми го преведе коментарот на Матераци", рече Кореанецот.
Сопругата на Ан, поранешна мисица на Кореја призна дека после тој настан, тој бил засрамен што престанал да јаде кореанска храна.
Ан Јунг Хан стана непожелен во Италија откако на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја ги елиминираше „Аѕурите" во осминафиналната фаза.
Претседателот на Перуџа, Лучано Гаучи поради тоа одлучи да му го раскине договорот со образложение дека нема намера повеќе да му дава плата на играч кој му наштетил на италијанскиот фудбал.
Откако си замина од Италија, Ан продолжи на игра во Јапонија, Франција, Германија, Јужна Кореја и Кина, а се пензионираше во јануари минатата година.