Најинспиративните спортисти на годината

Признанието за спортист на годината од страна на магазинот Sports Illustrated му припадна на Леброн Џејмс, но тој ова признание им го посвети на браќата Лонг. Конор има 9, а Кајден 7 години и има церебрална парализа, но тие двајцата заедно се натпреваруваат во триатлон.

Кајден Лонг е само 2 години помлад од Конор, но тој не може да прави многу работи како неговиот постар брат. Кога имал само 4 месеци, му била дијагностицирана церебрална парализа заради која тој не може да оди и зборува.

Спортувањето е одличен начин за занимација помеѓу две братчиња, но тоа било невозможно за браќата Лонг, се додека Конор не добил идеја.

Пред скоро 2 години, тој и Кајден започнаа заедно да се натпреваруваат во триатлон. Конер плива и го влече Кајден во чамец, вози велосипед и го влече својот помал брат, а потоа ја турка количката додека трча.

За овој период тие го пропатувале источниот дел на САД и учествувале на повеќе натпревари и ги инспирирале останатите учесници и гледачите крај патеките со што тие ја заслужија наградата на Sports Illustrated за детски спортисти на годината.

16 јануари 2013 - 23:03