Запознајте ја Кетлин Кругер. Таа има 27 години и е поранешна фудбалерка на женскиот клуб на Баерн Минхен. Тоа е личноста вчера со СМС прва ги информирала фудбалерите на Баерн Минхен дека нивниот нов тренер по заминувањето на Јуп Хејнкес ќе биде никој друг, туку Пеп Гвардиола.
За прв пат во својата кариера, Пеп ќе има жена во својот стручен штаб, а Кругер ќе биде и единствената жена во стручен штаб на фудбалски клуб од Бундеслигата и една од ретките со ваква функција помеѓу поголемите клубови од целиот свет.