Нов начин на вреѓање судии

Дисциплинската комисија му одреди парична казна од 10 илјади евра на претседателот на италијанскиот четвртолигаш Нуово Кампобасо кој на разгласна табла го навреди судијата.

Некултурниот гест на Феручо Капоне се случи на натпреварот Нуово Кампобасо-Арзанезе кој заврши 2:2, а незадоволството на претседателот Капоне кулминираше на начин кој до сега не сме го виделе на фудбалските терени.

Првиот човек на италијанската екипа, на судијата Џовани Ди Гросето му се обрати со зборовите „Судија ти си копиле", поради одлуката да му даде втор жолт картон на еден од неговите играчи. За да не биде и физички нападнат, Ди Гросето на крајот си замина со полициска придружба.

Погрдните зборови можат да се слушаат на видеото на 3:10

16 јануари 2013 - 13:55