Македонија на 80-та позиција на ФИФА листата

На најновото рангирање на ФИФА и прво за 2013-та година, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за една позиција и се искачи на 80-то место.

2012-та година ја завршивме со 436 поени на 81-та позиција, а 2013-та година ја започнуваме со ист број на поени, но со скок од една позиција. Тоа е напредок од 23 позиции во однос на јануари минатата година.

Од нашите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство во 2014-та година најдобар рејтинг има Хрватска на 10-то место, следува Белгија на 20-та, Србија на 37-та, Шкотска на 69-та, а веднаш зад нас на 81-та позиција е Велс.

На врвот на листата нема промени. Прва е Шпанија, пред Германија и Аргентина. Следат Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска, а репрезентацијата на Бразил е дури на 18-та позиција.

17 јануари 2013 - 10:37