Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Врати се Леброн!

Навивач на Кливленд Кавалирс влезе на терен и го прекина натпреварот протв Мајами Хит со молба до Леброн Џејмс да се врати во нивниот тим.

ФИФА му го фалсификувала гласот на Пандев

Македонскиот капитен утрово е на насловните страни во Шпанија. Горан Пандев го поддржа Жозе Мурињо, тврдејќи дека неговиот глас во изборот на ФИФА за најдобар тренер бил фалсификуван.

Ќе го поддржи ли Папата свештеничкиот фудбалски куп?

Познатиот фудбалски турнир на кој се натпреваруваат млади свештеници, минатата година остана без еден од најважните спонзори, а тоа е Ватикан. Зад турнирот кој го носи името „Клерикус Куп", се уште не е познато дали ќе застане Папата Франциск за кој веднаш дознавме дека е заљубен во фудбалот.

Очајната спринтерка ќе се проба и со боб санка

Американката Лоло Џонс толку очајно посакува да освои медал од Олимписки игри, што откако минатата година не успеа на спринтерските трки во Лондон, се преориентираше на боб санка и ќе се обиде да дојде до медал на зимските ОИ во Сочи.

Јаневски не сака математика, туку победа

На само два дена пред големиот фудбалски спектакл на арената „Филип Втори" за кој има неверојатни 172 барања за акредитации за новинари, фоторепортери и сниматели, селекторот на националниот тим Чедомир Јаневски и капитенот Горан Пандев најавуваат голема битка пред својата публика.

ФИФА игриците низ историјата

Игриците на EA Sports се едни од најпродаваните и најпопуларните видео игри уште од 1994-та година. Погледнете ја еволуцијата на ФИФА од нивното појавување па до последното издание.

Навивач поседува дел од историјата на Манчестер Јунајтед

Хејмс е можеби единствениот навивач на „Црвените ѓаволи" кој има програмчиња и извештаи од натпреварите на Манчестер Јунајтед кои се играле во педесетите години. Доколку ги продаде на аукција може да заработи над 20.000 фунти.

Судија со оштетен вид

Натпреварот помеѓу Квинтар дел Реј и Толедо од шпанската 4-та лига заврши со резултат 3:3, но благодарение на судијата кој под итно мора да се упати кај најблискиот офталмолог.

Кујната на Гордиот Албион

Англиските репрезентативци во релаксирана атмосфера го дочекуваат квалификацискиот дуел против Сан Марино, селекција која е на 207 место на ранг листата на ФИФА. Вејн Руни си подготвува кафе и ѕирка во вечерата, а фудбалерот на Евертон Лејтон Бејнс на собирот се појави со гитара.

Малерозни голмански денови

Лошо е да си голман во периодов, а тоа најдобро го знаат чуварите на мрежите на Ајнтрахт Франкфурт и Вулверхемптон. Едниот ја скршил раката додека снимал реклама, а другиот заработил фрактура удирајќи бокс во табла по бизарен автогол.

Најдоброто од Мајкл Овен

Златното момче на Англија ќе оди во пензија. По 17 години кариера, безброј награди и титули и 40 голови за Англија, Мајкл Овен најави дека ќе се повлече на крајот од сезоната. Ова се неговите најдобри голови.

Мурињо со отворени карти за игрите на ФИФА

Португалската телевизија РТП вечерва ќе емитува интервју со предводникот на Кралевите Жозе Мурињо кој упатува скандалозни обвинувања на адресата на ФИФА. Тој тврди дека наградите за најдобар играч и тренер се наместени.

Папата и Ди Стефано израснале во исто маало

Новиот Поглавар на Римокатоличката црква, Папата Франциск и легедарниот напаѓач на Реал Мадрид живееле во близина, оделе во исто училиште, а најверојатно заедно играле и фудбал.

Политичарите нема повеќе да одат гага на стадион

Италијанскиот олимписки комитет донесе историски чин и од сега како и за сите навивачи, така и за парламентарците ќе важи истото правило. За сите спортски настани кои се одвиваат на територијата на Италија тие ќе мора да си набават влезница.

Сквош мајсторија

Експертите тврдат дека сквошот е најздрав спорт, но не само што е здрав, тоа е и интересен спорт. Англичанецот Џејмс Вилстроп е махерот кој со неговиот потег е најзаслужен за првото споменување на сквошот на нашиот сајт.

Пораз заради тренерот-крадец

Тренерот на францускиот кошаркарски клуб Руен е најзаслужен за поразот на неговата екипа од Булоњ. При резултат 84:84 во последните секунди од натпреварот, тренерот Лорен Скиара се обиде да му ја украде топката на противничкиот кошаркар и заработи техничка грешка.

Поранешна НБА ѕвезда работи на пешачки

Членот на НБА куќата на славните и еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, Едриан Дентли си најде нова работа. Тој сега работи како офицер за безбедно поминување на пешачки премин во близина на училиште.

Пачовски: Би ја скршил ногата за доброто на тимот

Нашиот репрезентативен голман кој веќе четири години настапува во белгиското првенство, своите совети и анализи за квалификацискиот дуел Македонија-Белгија ги раскажува за ФИФА. Според него Белгија е најсилната селекција во групата, но и една од најдобрите во Европа.

Хокеј пак made in China

Ете што се случува кога Швајцарци ќе играат хокеј со пак купен од кинеска продавница. Голот на Фрибург против Бил не беше признат затоа што целиот пак не ја мина гол линијата.

Едгар Давидс спасувал навивачи

Легендарниот холандски фудбалер кој во моментов е тренер на англискиот третолигаш Барнет, им наредил на фудбалерите да се симнат од клупскиот автобус и собрал 36 навивачи чиј автобус се расипал на враќање од гостување.

Леброн го уништи Тери

Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс и веќе 23 натпревари не знаат за пораз, а потегот на вечерта му припадна на Леброн Џејмс и неговото монструозно забивање преку Џејсон Тери. За реакцијата по цепелинот Леброн доби и техничка, но вредеше!

Барселона остана со четворица фудбалери

Повикот на играчи на селекторите за квалификациските натпревари во рамките за Светското првенство 2014 во Бразил го испразни Каталонскиот состав. Помошникот на Виланова, Жорди Роура во следните неколку дена на располагање ќе има само четворица играчи.

Неоткриениот талент од Саутемптон

Младиот француски фудбалер од средниот ред на Саутемптон, Морган Шнеидерлин не е звучно име во фудбалот, но според талентот кој го поседува како и учинокот кој го остварува на натпреварите во Премиер лигата, слободно може да го споредиме со еден Виера или Макелеле кои царуваа на таа позиција.

Празник за очи на Грифин

Најатрактивниот момент на синоќешните напревари од НБА лигата без конкуренција е ремек делото на кошаркарот на Клиперси, Блејк Грифин на мечот против Њујорк Никс.