Offside

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Контроверзниот претседател кој ги изнакупи сите дресови

Првиот човек на Монпеље, Луи Николен кој за инает на ПСЖ сакаше да го ангажира Марадона е многу интересна појава. Кога неговиот тим ја освои титулата си ја обои косата како папагал, а сега дознаваме дека праќал свои луѓе низ светот за да му носат дресови.

Средношколска мајсторија од кош на кош

Не се работи за натпревар од НБА лигата, туку за храбро момче од американско школо на кое му требаше само еден чекор залет ладнокрвно да постигне кош кој го постигна од под својот кош, со звукот на сирената на крајот од третата четвртина.

Рекордни загуби за кладилниците

Британските кладилници викендов ги забележаа најтешките загуби во историјата. Британците го избегнаа Милан и си се кладеле на нивните натпревари, па ќарија околу 25 милиони фунти.

Во стилот на Ибрахимовиќ

Вакви акробации најчесто сме навикнати да гледаме од Ибра, но мајагери ударов овој пат му успеа на дефанзивецот на Ипсвич, Томи Смит.

Најстрашните

ESPN ги праша сите играчи од НФЛ лигата против кого највеќе се плашат да играат. Ова се најстрашните според резултатите од анкетата:

Јунајтед, Тотенхем и Јувентус најмногу ја искористиле касата на Реал

Јануарскиот преоден рок ретко носи некој спектакуларен трансфер, па затоа ќе ве потсетиме на тоа како клубовите заработуваа од најголемите ѕвезди кои претходно ги купуваа и за 20 пати помалку пари. 

Масовна ракометна тепачка

Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското ракометно првенство помеѓу репрезентациите на Словенија и Украина им припадна на домаќините кои победија со 35:23, но дуелот ќе остане запаметен по општата тепачка помеѓу ракометарите.

Тинејџерот што го потопи Милан

Сигурно помисливте дека мора да е некоја грешка кога прочитавте „Сасуоло - Милан 4:3", башка и сите четири гола за домаќините постигнати од ист играч. Тоа дефинитивно не беше грешка. Тоа беше Доменико Берарди - новата надеж на Јувентус.

Антиќ одмораше, Атланта загуби

Екипата на Атланта Хокс без услугите на Перо Антиќ загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 108:101.

Цепелинот на Манасков против Данска

Ако може да има некаква утеха од воведниот пораз на Европското првенство, тоа е голот на Дејан Манасков по додавањето на Борко Ристовски. Дефинитивно гол на натпреварот и кандидат за најдобар погодок на првенството.

Македонија со пораз го отвори еврошампионатот

Ракометната селекција на Македонија беше немоќна против домаќинот и актуелен освојувач на Европското ракометно првенство кој водеше во текот на целиот меч и на крајот стигна до триумф од 29:21.

МЗТ потклекна во продолжението

Македонскиот кошаркарски шампион загуби на гостувањето кај Будуќност по трилер натпревар кој беше одлучен со едно продолжение.

Кога дирекот ќе ти го сруши ќеифот

Фудбалерите на Вестерн Сиднеј го добија градското дерби против тимот на Алесандро Дел Пјеро, но се изнамачија погодувајќи ја пречката четири пати. Најмалерозни беа при крајот на првиот дуел кога пропуштија во иста акција еврогол па зицер.

Тикет на колото

Освен Бундес лигата, сите останати атрактивни национални првенства стартуваа со фудбал во новата година. Еве ги нашите први предлози во 2014 година.

Голови на неделата

Помеѓу најдобрите десет голови од изминатите седум денови се најдоа и мајсториите на Лукарели, Негредо, Џеко...

Атланта го победи и Хјустон

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа и 20-та победа по 37 одиграни натпревари, совладувајќи ја екипата на Хјустон Рокетс со 83:80.

Македонија тргнува во трет европски поход

Иако ја оствари високата 5-та позиција на минатиот континентален собир во Србија, Македонија не лета во облаци по висок пласман на 11-то Европско ракометно првенство во Данска кое стартува овој викенд со најтешкиот меч за нашиот состав против домаќинот.

Ножички на младински турнир

Џонатан Александерсон е најголемиот фраер на турнир во Шведска, каде и покрај малиот број на публика во вистински момент се најде вклучена камера за да се архивира атрактивниот потег.

Бошко Ѓуровски ќе дебитира пред своја публика

Новиот предводник на нашиот национален фудбалски тим првиот натпревар ќе го има против Летонија на 5 март.

Грешките на ФИФА

За само неколку месеци челниците на ФИФА направија толку многу грешки заради кои дури може и да ги загубат своите фотелји.

Двајца судии, еден килим

Како да им се осветиш на судии кои те оштетиле на хокеј натпревар? Само постели им килим и тие сами ќе се казнат.

Учинокот на Дејвид Мојс

Приказната за ангажирањето на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Мојс сам си ја раскажа, а таа се случило кога Фергусон го викнал на гости и го пречекал со зборовите „јас си заминувам, а ти ќе ме замениш". За сега излегува дека стариот лисец одбрал погрешен гостин.