Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Гигантска пресметка за пласман во финале

Германско-шпанската класика вечерва ни носи нови возбудливи 90 минути по кои ќе го дознаеме првиот среќник кој на 24 мај ќе патува во Лисабон. Баварците бркаат трето финале во низа, Кралевите немаат до таму стигнато веќе 12 години.

Упатство за Ф1 волан

Како изгледа едно кругче со болидот на Данил Квјат од Торо Росо сосе упатството за неговиот волан. Механичарите од неговиот тим направиле голем пропуст. Заборавиле да му стават свирка на воланот!

Нигерија и Хондурас со местенки на Светско првенство

Еден од најпознатите местачи во светот на фудбалот, Сингапурецот Вилсон Раџ Перумал тврди дека тој им помогнал на репрезентациите на Хондурас и Нигерија да се пласираат на Светското првенство во 2010-та година.

За кого да навиваш на Светско првенство

Како и на секое можно претходно натпреварување, Македонија испадна од трката за пласман на Светското првенство во Бразил уште при извлекувањето на квалификациските групи, па ако сè уште немате друга омилена репрезентација, овој сајт ќе ви каже за кого да навивате.

Атланта и Антиќ на чекор до втората рунда

Кошаркарите на Атланта Хокс успеаа да слават уште една победа на теренот на Индијана Пејсерс и поведоа со 3:2 во плејоф серијата на НБА лигата.

Лукоил супериорен против SISTINA за влез во F4

Стартуваа возбудувањата од FINAL 8 фазата на Бизнис Лигата на Македонија.

Фудбалот под детален компјутерски надзор

На почеток по топката трчале како будали и се тепале кој прв да ја шутне. Немало ниту камери, ниту телевизори, ниту видео касети, никаква евиденција. Сега може да се измери секоја ситница, и да се извади податок дека Франческо Тоти сезонава ја допрел топката 1.064 пати.

ЖРК Вардар се остри за Будимпешта

Изминатиов викенд помина во знакот на Вардар и Металург кои за жал не успеаа да ги минат силните германски пречки за сензационален Фајнлфор. Но таму е нашата најсилна женска ракометна екипа која мотивирано влегува во завршната европска битка која стартува на 3 мај. Да ги поддржиме.

Кладилниците ги сожалија поддржувачите на Мојс

И кладилниците некогаш знаат да бидат добри. На челниците на британската кладилница Paddy Power им падна жал за навивачите на Манчестер Јунајтед и им ги вратија парите на оние кои вложија дека Дејвид Мојс ќе издржи до крајот на сезоната.

Рекламите за Светско првенство

Најк нè остави без зборови со нивната извонредна реклама за Светското првенство во Бразил која руши рекорди по гледаност на Јутјуб, но не им е прв пат. И за претходните Мундијали тие имаа подготвено неверојатни реклами со најголемите ѕвезди, со исклучок на 2006-та кога подобри беа Адидас.

Ползењето на Џерард во Јунајтед верзија

Мурињо му го расипа шампионското славје на Ливерпул и му го отвори патот на Манчестер Сити кон титулата во Премиер лигата. Навивачите на Манчестер Јунајтед не се нервираат што нивниот градски ривал сега е најблиску до славјето, туку тие му се ситат на капитенот на нивниот најомразен клуб.

Југословенскиот наставник, пријател и полицаец

Фудбалскиот свет вчера му испрати последен поздрав на легендарниот Вујадин Бошков кој почина на 82 години. Посебен простор доби во италијанскиот печат, најмногу поради успесите со Сампдорија, како и со неговиот посебен смисол за хумор.

Господин Манчестер Јунајтед

Бугарскиот навивач конечно ја доби правната битка и си го смени своето име во Манчестер Јунајтед.

Математиките за титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул викендов се подготвуваа да ја прослават титулата, но математиките им ги расипаа Жозе Мурињо и Челси, па сега најголеми шанси за трофејот има Манчестер Сити. Кој, кога и како може да ја освои Премиер лигата?

Тивкиот протест на Клиперси

Кошаркарите на ЛА Клиперс го искажаа својот протест кон сопственикот на клубот, Доналд Стерлинг заради неговите расистички изјави со соблекување на нивните тренерки и се загреваа со маички без логото на тимот.

Најдобрите од Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е избран за најдобар фудбалер на годината, а за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата е прогласен Еден Азар од Челси.

Како Алвеш го победи расизмот

Навивачите на Виљареал се обидоа да го испровоцираат Дани Алвеш фрлајќи му банана на теренот, но фудбалерот на Барселона не само што не падна на провокацијата, туку и реагираше на многу кул начин.

Цибона владее со регионалната кошарка

Во хрватското финале на АБА лигата во Белград, екипата на Цибона ја победи Цедевита и ја освои својата прва титула од регионалната лига.

Заврши одисејата на Металург

Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.

Антиќ промаши тројка за продолжение

Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.

Вардарци се вратија да се поздрават со Комитите

Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.

Вардар остана на 10 секунди од Фајнлфор

Во пеколна и трилер завршница, Страхиња Милиќ не успеа да му одолее на пеналот досуден на 10 секунди пред крај на натпреварот. Вардар – Фленсбург 27:25, Германците одат во полуфинале.