Лукоил супериорен против SISTINA за влез во F4
Лукоил 7-2 (2-1) SISTINA
Лукоил: Борче Василев 3', 10', Владимир Секулоски 24', Жарко Климкаров 31', Игор Дамјаноски 32', Љупчо Апостоловски 37', Васко Стефанов 40'
SISTINA: Даниел Боневски 8', 23'
Натпреварот го отвори екипата на Лукоил преку Борче Василев во 3' кој постигна гол по кој Лукоил доби голема самодоверба, за да може поофанзивно да влезе во натпреварот уште на самиот старт. Кај SISTINA беше воочлива несигурноста пред се во делот на нападот, се до 8' кога преку Даниел Боневски го изедначи натпреварот и влезе во посакуваниот ритам. Но, расположениот Борче Василев беше стрелец на уште еден гол за водство на Лукоил на полувремето од 2-1. Во второто полувреме SISTINA уште на самиот старт фати резултатски приклучок, но по груб старт остана со играч помалку. Тоа вешто го искористи екипата на Лукоил, оствари значителна предност која во вакви "инфаркт" натпревари е надостижна и го доби овој натпревар со 7-2.
ЕЛЕМ со победа над UNIQA до F4
UNIQA 3-5 (2-2) ЕЛЕМ
UNIQA: Ибиш Мисини 13', Арбен Нухиу 18', 40'
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 10', Влатко Петровски 16', 35', 39', Антонио Ничевски 34'
На самиот почеток екипата на ЕЛЕМ влезе доста посконцентрирано и со стратегија што вроди со плод и на средината на првото полувреме имаше гол предност, но набрзо после тоа по груб старт остана со играч помалку, што вешто го искористи екипата на UNIQA и го изедначи резултатот. Во понатамошниот тек од полувремето и двете екипи постигнаа по еден гол за полувремето да заминат со изедначен резултат од 2-2. Второто полувреме започна доста изедначено, се играше со големо внимание и на двете страни. Ниедна екипа не допушти чиста ситуација за гол. Но, во средината на второто полувреме беше воочлив пад во концентрацијата во играта на екипата на UNIQA, кој вешто го искористи екипата на ЕЛЕМ постигнувајќи 2 гола за победа од 3-5.