Господин Манчестер Јунајтед

Бугарскиот навивач конечно ја доби правната битка и си го смени своето име во Манчестер Јунајтед.

Марин Здравков се заљубил во „Црвените ѓаволи" кога го следел финалето на Лигата на шампиони во 1999-та година кога Манчестер Јунајтед успеа да го победи Баерн Минхен со 2:1.

Од тогаш, цели 15 години Здравков се обидува да си го смени името во Манчестер Јунајтед и конечно ја доби правната битка.

Неговото име веќе беше сменето во Манчестер Здравков Левиџов Јунајтед, но сега тој доби дозвола да се преименува во Манчестер Јунајтед.

Англискиот клуб се обидуваше да го сопре Бугаринот во неговата намера затоа што нивното име е заштитено, но по долгата битка тие се повлекоа, па 51-годишниот навивач кој има мачка со име Бекам, конечно си ја исполни својата најголема желба.

28 април 2014 - 11:36